9 грешки поради кои вашите модни комбинации изгледаат монотоно
Заборавате на накитот и модните додатоци
Секоја комбинација ќе изгледа многу подобро со парче накит. Ако носите облека во една боја, можете драстично да ја подобрите комбинацијата со впечатлив моден додаток како интересна чанта.
Никогаш не ја менувате фризурата
Нема потреба да ја скратувате косата за да ја промените фризурата.
Ако, на пример, најчесто ја носите косата собрана во опавче, некогаш ставете и марама.
Можете да ја освежите фризурата и со впечатлива шнола.
Заборавате на моќта на шминката
Некогаш доволно е да ставите само кармин со црвена или друга впечатлива боја за драстично да го подобрите целокупниот изглед.
Никогаш не носите штикли
Штиклите можеби не се најпрактични за секој ден, но одвреме-навреме носете и вакви чевли.
И најобичната комбинација од сако и фармерки ќе изгледа многу подобро ако облечете штикли.
Го избегнувате слоевитото облекување
Слоевитото облекување е совршено за променливо време и може драстично да го подобри вашиот изглед.
Притоа, не е воопшто тешко да направите тренди комбинација со повеќе слоеви – треба само да се осигурите дека боите се усогласуваат и да не облекувате повеќе од едно парче со дезен.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





