„Mom jeans“ – удобни фармерки за секаква комбинација + идеи како да ги носите

Удобни се, им стојат добро на сите и, најважно, можат да се комбинираат со буквално сè - постојат многу причини зошто фармерките познати како „mom jeans“ станаа фаворит на девојките.

mom-jeans-udobni-farmerki-shto-izgledaat-odlichno-so-se-kako-da-gi-vmetnete-vo-proletnite-kombinacii-foto-01.jpg

Фармерките познати како „mom jeans“ го освоија светот и слободно можеме да кажеме дека денес се попопуларни од кој било друг модел.

Овие фармерки имаат висок струк, а ногавиците им се пошироки, па се многу поудобни од тесните фармерки кои доминираа до неодамна.

Покрај удобноста, она што го прави овој модел привлечен се бескрајните можности за комбинирање. 

Фармерките изгледаат добро со кошула, маица, сако, кроп-топ… накратко, речиси секој модел на блуза што можете да го сретнете.

Лесно се вметнуваат и во летни, и во зимски комбинации бидејќи изгледаат одлично и во комбинација со капут. Покрај тоа, можете да ги носите со буквално секакви обувки – штикли, патики, балетанки, оксфордки, чизми…

Па, не е ни чудо зошто овој модел ги надмина сите останати со својата популарност.

Во продолжение неколку пролетни комбинации со популарните „mom jeans“:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Еден модел на панталони со кој сите се опседнати (и треба да им дадете шанса) Модерните девојки кои диктираат трендови периодов се опседнати со едно парче обл...
Девојките летово се опседнати со еден хит тренд – сè во гуава розова боја (фото) Лето 2025 носи нова тренд боја што девојките ја обожаваат - гуава розова е хит з...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Девојките се опседнати со „дедовски чевли“ комбинирани со чорапи – како ги носат? (фото) Девојките кои следат трендови сè почесто може да се забележат во ретро модели на...
Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...

Најчитани неделава