Најлудите и најбизарните костими што сме ги виделе на Евровизија, низ годините (фото)

Членовите на финскиот бенд Lordi излегоа на сцена преправени во чудовишта и иако можеби на почетокот сите ги гледавме со сомнеж, на крај ѝ донесоа победа на нивната земја.

najludite-i-najbizarnite-kostimi-shto-sme-gi-videle-na-evrovizija-01.jpg

Покрај песните со кои се претставуваат земјите на Евровизија, многу важен е и сценскиот настап, а со тоа и костимите што ги носат претставниците.

Некои не ризикуваат и носат едноставни комбинации за кои нема простор за грешка, но некои се обидуваат да приредат спектакуларно шоу благодарение на костимите.

А, доста често желбата да изгледаат уникатно прави да носат смешни и бизарни костими кои го постигнуваат спротивниот ефект.

Во продолжение дел од најлудите и најбизарните костими што сме ги виделе на Евровизија:

Групата Abba настапи и победи на Евровизија во 1974-та, и иако нема потреба да дискутираме за нивните таленти, облеката што ја носеа - како чудни кратки панталони и нешто помеѓу здолниште и панталони - не остави најдобар впечаток.

najludite-i-najbizarnite-kostimi-shto-sme-gi-videle-na-evrovizija-02.jpg

Пејачот од групата што ја претставуваше Норвешка во 2005 година се појави на сцена со сребрен и многу, многу тесен комбинезон во комбинација со чевли со огромни платформи.

najludite-i-najbizarnite-kostimi-shto-sme-gi-videle-na-evrovizija-03.jpg

Претставниците на Литванија во 2010 година беа мажи, но се појавија во многу кратки светкави панталони, во комбинација со бела кошула и кравата.

najludite-i-najbizarnite-kostimi-shto-sme-gi-videle-na-evrovizija-04.jpg

За претставниците на Украина од 2007 година се зборува и денес, најмногу поради лудите сребрени костими.

najludite-i-najbizarnite-kostimi-shto-sme-gi-videle-na-evrovizija-05.jpg

Истото важи и за финскиот метал бенд Lordi чии членови беа облечени како чудовишта.

najludite-i-najbizarnite-kostimi-shto-sme-gi-videle-na-evrovizija-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Модни комбинации со панталони што ѝ одговараат на секоја жена - Како да ги носите оваа есен? Со доаѓањето на есента, дождот и студеното време, лесните фустани ги заменуваме ...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
6 тренди модели на панталони, идеални за пролетни комбинации Панталони со риги, широки панталони со кралско сина нијанса, но и хеланки – неко...
Осум тренди парчиња што ви се доволни за да го поминете целото лето Ленените панталони се задолжително летно парче, исто како и едноставната еднобој...
5 модни комбинации кои се удобни за патување, а изгледаат стилски Ленен комплет со тренди влечки или кратки панталони и маичка – и во удобна облек...
8 летни парчиња облека што ги има во гардероберот на секоја тренди девојка Капри панталони, облека и додатоци со реси, но и шорцови кои изгледаат како пижа...

Најчитани неделава