Најлудите и најбизарните костими што сме ги виделе на Евровизија, низ годините (фото)

Претставниците на Ирска во 2007 година носеа бизарни костими украсени со пердуви, но ова не се ни споредува со нивниот диџеј кој всушност беше кукла во вид на птица.

najludite-i-najbizarnite-kostimi-shto-sme-gi-videle-na-evrovizija-07.jpg

Претставниците на Германија во 2000 година носеа костими инспирирани од Елвис Присли, украсени со светкави детали и ѕвезди и, генерално, изгледаа навистина кич.

najludite-i-najbizarnite-kostimi-shto-sme-gi-videle-na-evrovizija-08.jpg

Претставниците на Молдавија во 2011 година имаа костими најверојатно инспирирани од циркус – сите носеа огромни чудни шапки, а пејачката возеше на моноцикл (велосипед со едно тркало).

najludite-i-najbizarnite-kostimi-shto-sme-gi-videle-na-evrovizija-09.jpg

Уште една комбинација од Украина, овојпат од 2009 година. Додека костимите не беа многу бизарни, беа со премногу измешани стилови и, поради некоја причина, беа инспирирани од гладијатори.

najludite-i-najbizarnite-kostimi-shto-sme-gi-videle-na-evrovizija-10.jpg

Австрија победи во 2014 благодарение на Кончита. Кончита е сценското име на пејачот Томас и иако фустанот што го носеше на Евровизија беше одличен, фактот дека имаше густа брада зачуди многумина во тоа време.

najludite-i-najbizarnite-kostimi-shto-sme-gi-videle-na-evrovizija-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пет модели на панталони кои треба да ги имате оваа пролет Наместо фустан решете се за некој од овие пет модели на панталони доколку сакате...
„Машки“ панталони, кошули и јакни – Младите трендсетерки сè почесто негуваат андрогин стил (фото) Машките парчиња облека, како широки панталони и големи јакни, повеќе не се само ...
8 работи со кои лесно ќе ја освежите здодевната летна облека Капри панталоните никогаш не излегле од мода, но не им прилегаат на сите жени, б...
Папучите UGG се хит кај македонските инфлуенсерки: Новиот тренд ги подели мислењата (фото) Нашите инфлуенсерки Александра Шијакоска и Маја Кикириткова објавија модни комби...
Како да ги изберете вистинските панталони според обликот на телото? Постојат парчиња облека кои никако не смееме да ги носиме, а само поради обликот...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg