Mодели на чевли кои изгледаат одлично на Инстаграм, но не се практични во реалноста

Легендарните штикли со црвен ѓон на Louboutin се едни од најпосакуваните и денес лесно можете да најдете и поевтини копии, но не се погодни за секој ден. Поради светлата боја, на ѓонот ќе се познаваат и најмалите нечистотии и гребаници.

modeli-na-chevli-koi-izgledaat-odlichno-na-instagram-no-ne-se-praktichni-vo-realnosta-01.jpg

Денес повеќето девојки и жени црпат инспирација од модните инфлуенсерки. А, инфлуенсерките навистина знаат како да ги прикажат чевлите, облеката и модните додатоци во најдоброто светло.

Проблемот е што некои од овие работи иако изгледаат беспрекорно на нивните Инстаграм фотки, во реалноста се далеку од практични.

Популарни модели на чевли на Инстаграм кои не се практични во реалноста:

Високи, широки чизми

Чизмите до над колена се огромен хит, а изминатава зима кај инфлуенсерките доминираа широките модели.

Но покрај тоа што широките модели ќе направат вашите нозе да изгледаат пошироко, тие не се најпрактични за одење бидејќи ќе ви паѓаат.

modeli-na-chevli-koi-izgledaat-odlichno-na-instagram-no-ne-se-praktichni-vo-realnosta-02.jpg

Пластични и чевли со пластични детали

Проѕирните пластични чевли навистина изгледаат добро на фотографии, но поради материјалот од којшто се направени, не ѝ дозволуваат на кожата да дише, па прекумерното потење на стапалата е неизбежно.

Кога станува збор за пластични детали, како пластична штикла, брзо можат да се извалкаат и да им се направат гребаници.

modeli-na-chevli-koi-izgledaat-odlichno-na-instagram-no-ne-se-praktichni-vo-realnosta-03.jpg

Сандали со мека платформа

Сандалите со мека платформа како „мемори пена“ на почетокот се навистина удобни. Но, по само неколку носења платформите ќе ја изгубат првобитната форма и покрај тоа што ќе изгледаат лошо, нема да му ја дадат потребната поддршка на телото, секако зависно од квалитетот.

modeli-na-chevli-koi-izgledaat-odlichno-na-instagram-no-ne-se-praktichni-vo-realnosta-04.jpg

Чизми со крзно

Крзното на овие чизми лесно се валка, особено ако има светла боја.

modeli-na-chevli-koi-izgledaat-odlichno-na-instagram-no-ne-se-praktichni-vo-realnosta-05.jpg

Влечки со крзно

Покрај валкањето што е проблем и кај чизмите со крзно, овие влечки и сандали не се погодни за топло време.

Од крзното сигурно ќе ви биде многу топло, а ќе се зголеми и потењето на стапалото со тоа предизвикувајќи лош мирис.

modeli-na-chevli-koi-izgledaat-odlichno-na-instagram-no-ne-se-praktichni-vo-realnosta-06.jpg

Чизми со отворени прсти

Овие чизмички изгледаат женствено и елегантно, но може да биде тешко да ги вметнете во комбинација.

Не можете да ги носите зимно време бидејќи воопшто не топлат. А, не можете да ги носите ниту во лето бидејќи сепак се чизми и ќе ви биде премногу топло во нив.

modeli-na-chevli-koi-izgledaat-odlichno-na-instagram-no-ne-se-praktichni-vo-realnosta-07.jpg

Чевли од велур и сатен

Сатенот на чевлите може да се оштети по само неколку носења, а и не заборавајте дека е речиси невозможно да го исчистите.

Слично е и со чевлите од велур.

modeli-na-chevli-koi-izgledaat-odlichno-na-instagram-no-ne-se-praktichni-vo-realnosta-08.jpg

Штикли со црвен ѓон

Легендарните штикли со црвен ѓон на Louboutin се едни од најпосакуваните и денес лесно можете да најдете и поевтини копии, но не се погодни за секој ден.

Поради светлата боја на ѓонот ќе се познаваат и најмалите нечистотии и гребаници.

modeli-na-chevli-koi-izgledaat-odlichno-na-instagram-no-ne-se-praktichni-vo-realnosta-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бели чизми со голем ѓон – Како девојките го носат хит моделот? (фото) Иако белите чизми знаат да се тешки за комбинирање, посебно во зима, кога облека...
10 зимски модели на чевли кои одамна не се носат, а сите жени ги имаат Голем процент од изгледот зависи од чевлите со кои ќе ја финиширате комбинацијат...
Нека блеска црвено – одлични идеи за вашиот новогодишен стајлинг (фото) Доколку се двоумите што да облечете за највеселата ноќ во годината, црвената бој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg