7 модни парчиња кои е добро да ги купите (половина) број поголеми
Кошула – може изгледа добро на вас додека ја пробувате застанати во гардеробата, но што ќе се случи ако седнете, дали просторот меѓу копчињата ќе се отвори?

Колку пати ви се случило да купите парче облека, кое сте го пробале ви било точно, но по само едно перење или само малку качување на тежина станало мало и бескорисно?
Слична е ситуацијата и со купување на кнап чевли, кои потоа при топло време и отекување на нозете ви се кнап.
Модни парчиња кои е добро да ги купите (половина) број поголеми:
Памучна маичка – нема да има опасност ако малку ви се стесни при перење, плус маичките е добро да се комотни.

Кошула – може изгледа добро на вас додека ја пробувате застанати во гардеробата, но што ќе се случи ако седнете, дали просторот меѓу копчињата ќе се отвори?

Волнен џемпер – ако по грешка го пуштите на малку повисока температура во машината може да се стесни, плус убаво е да ви е комфорен.

Мантил – се носи и на пролет, но и во есен, кога сте слоевито облечени, па треба да е поширок за да можете под него да облечете сако на пример.

Памучни чорапи – се стеснуваат при перење, а потоа ви се кратки одзади и над петицата патиките ве удираат на голо и ви прават рани.

Памучен летен фустан – повторно можно е стеснување, плус се носи само кратко време на лето, па ако е број поголем ќе можете да го носите и догодина, дури и ако качите килограм, два плус.

Чевли – салонките треба да се малку поголеми, затоа што нозете отекуваат и нема да ви бидат пријатни, се разбира, мора да внимавате и да не ви испаѓаат.

С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд?
Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та
Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода)
Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето)
Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни трендови кои ќе ги гледаме како униформа кај девојките во есен 2025
Кафеава превртена кожа на облека, чизми или чанти, како и кожени јакни во кафеав...
10 модни трендови кои повторно се вратија во мода (и ќе ги гледате насекаде)
Крокс сандалите повторно се во мода и се носат на секакви комбинации, бубрежињат...
