5 модни гревови кои прават секоја жена да изгледа кич (4-иот е најголем)

Моден грев 1: Слепо следење на трендовите. На пример, фармерките со низок струк се многу комплексно парче облека за комбинирање и дефинитивно не се за сечија градба.

5-modni-grevovi-koi-pravat-sekoja-zhena-da-izgleda-kich-4-iot-e-najgolem-01.jpg

Се сметате ли себе за модна дама или едноставно не сте вљубеник во модата?

Сепак, во која група и да спаѓате постојат одредени работи кои не треба да ги правите.

Тие се модни гревови кои ви го уништуваат изгледот.

Најголемите модни гревови:

Моден грев 1: Восхитување на модните трендови и слепо следење на трендовите

Само затоа што нешто е популарно, не значи дека е соодветно за вашиот облик на тело и за вашиот стил.

Како на пример, фармерките со низок струк се многу комплексно парче облека за комбинирање и дефинитивно не се за сечија градба. Визуелно ги менуваат пропорциите на телото и ги скратуваат нозете.

5-modni-grevovi-koi-pravat-sekoja-zhena-da-izgleda-kich-4-iot-e-najgolem-03.jpg

Моден грев 2: Штедење пари за корекции

Признајте најчесто ви недостига време за да појдете на кројач да ви ги направи потребните корекции на фустанот, панталоните или сакото, па ги носите така, не сосема соодветни за вашата фигура.

За елегантен и префинет изглед парчињата облека секогаш треба совршено да легнуваат на вас.

5-modni-grevovi-koi-pravat-sekoja-zhena-da-izgleda-kich-4-iot-e-najgolem-02_copy.jpg

Моден грев 3: Љубов кон дизајнерски парчиња и логоа и претерување со нив

Не треба да бирате дизајнерски парчиња облека само затоа што се дизајнерски или само затоа што на нив имаат џиновско лого.

Само затоа што нешто е од скап бренд, не значи дека ќе изгледа добро на вас.

5-modni-grevovi-koi-pravat-sekoja-zhena-da-izgleda-kich-4-iot-e-najgolem-05.jpg

Моден грев 4 (најголем моден грев): Носите премали парчиња облека

Најголем грев е кога се обидувате да се „пикнете“ во парчиња облека кои ви се мали затоа што мислите дека ќе ве стегнат и со тоа добро ќе изгледате.

Напротив, во ваков случај изгледате неуредно и ви се истакнуваат недостатоците на телото.

5-modni-grevovi-koi-pravat-sekoja-zhena-da-izgleda-kich-4-iot-e-najgolem-06.jpg

Моден грев 5: Подготвеност да го жртвувате комфорот.

Ова се случува често и луѓето за да изгледаат спектакуларно го жртвуваат комфорот и притоа повторно не изгледаат добро затоа што кога не се чувствуваат удобно и пријатно, зрачат со чудна енергија.

Клучот на добриот изглед е самодовербата и да се чувствувате пријатно во тоа што го носите.

5-modni-grevovi-koi-pravat-sekoja-zhena-da-izgleda-kich-4-iot-e-najgolem-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
Модни трендови кои ќе ги гледаме како униформа кај девојките во есен 2025 Кафеава превртена кожа на облека, чизми или чанти, како и кожени јакни во кафеав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg