Грешки со долната облека кои ги прават дури и најдотераните жени
Под белите блузи не носете бел градник, подобро одберете розеникава боја. Мидерот никогаш не треба да ви ѕирка под облеката и не купувајте помал број градник за поголеми гради. Грешки со долната облека кои ги прават многумина, дури и славните.

Не е доволно само да ја одберете најдобрата и најлуксузната комбинација на облека, ако воопшто не го ставите на ум изборот на долна облека.
Долната облека има моќ да го уништи и најдобриот аутфит, а многу жени имаат направено промашување во тој поглед.
Ниту славните не се имуни на некои грешки, па за да не се засрамите, држете се до следниве правила:
Мидерот и другите парчиња за оформување тело не треба да ѕиркаат од облеката

Облеката за оформување тело не треба да биде со помал број и да ве притиска неприродно

Контурите на долната облека не треба да се оцртуваат преку облеката

Прерамките од градникот не треба да ги стегате и кратите најмногу што може

Омилениот градник не треба да го носите секаде, за вежбање користете спортски градник

Не можете секој тип на долна облека да го носите под секое парче облека – зависно текстурите и материјалот

Не носете помал број градник за да ги притиснете и истакнете градите – купете соодветна големина, со дополнително полнење во корпите

Наместо бел градник под бела блуза, ако немате беж, одберете светло розово-црвен градник – честопати се изедначува со бојата на кожата и не се познава

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Вакви ѕвезди! Џенифер Лоренс купува на акција, носи облека од втора рака и евтини фустани на црвенио...
Вистински пример за скромност! Таа е една од најдобрите актерки на денешницата, ...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут
Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот.
С...
Осум работи на кои мора да обрнете внимание кога купувате облека онлајн
За парчиња со принт, обрнете внимание на шевовите, а секогаш е подобро да купува...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026?
На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека...
„Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Ирина Шајк сексапилна во фустан што ѝ ги открива градите, па во чипка - Блесна на Сан Ремо 2026
Ирина, која важи за една од најзгодните манекенки во светот, издоминира на Сан Р...
