Шминката го открива карактерот

sminkata-go-otkriva-karakterot-povekjeИталијанските психолози направиле интересна студија за поврзаноста на разубавувањето и карактерот на личноста. Еве до какви...


...резултати дошле:

Дамите кои воопшто не користат шминка испраќаат јасна порака дека сакаат да бидат прифатени и да ги сакаат такви какви што се, без „маска“.

Жените кои постојано се гледаат во огледало и проверуваат дали со ружот или маскарата е сe' во ред се многу амбициозни, но и несигурни, па премногу важност му придаваат на туѓото мислење.

sminkata-go-otkriva-karakterot-1

Оние кои ги шминкаат само очите сакаат да стават акцент на својот интелект, додека дамите кои ги истакнуваат исклучиво усните покажуваат страст.

Доколку шминката е речиси незабележителна, психолозите тоа го толкуваат како страв од стареење и желба да се сопре времето. Тој начин го практикуваат дискретните личности кои патем обожуваат тајни.

Што зборуваат за нас лакираните нокти?

Дамите кои секогаш имаат лакирани нокти на рацете и нозете ја нагласуваат својата „мачкаста“ односно женска природа.

sminkata-go-otkriva-karakterot-2

Оние кои ги лакираат само ноктите на рацете сакаат да имаат се' под своја контрола, а доколку им е важно да им се лакирани само ноктите на нозете, тоа ја покажува желбата да се допаднат во сексуална смисла.

Исклучително долгите нокти покажуваат егоцентрична природа.

Жените кои најчесто користат бел лак се нежни и срамежливи, додека црвените тонови откриваат романтична личност. Оние пак што најмногу сакаат безбоен лак се уредни личности.

Би можело да ве интересира:

Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...
Најспецифичните машки модни изданија од посетителите на Скопски моден фестивал 2023 (фото) Oд впечатливи модни додатоци до елечиња со уникатен крој, кои од машките посетит...
Модни трендови од раните 2000-ти кои денес изгледаат смешно Некои трендови никогаш не би сакале да се вратат, на пример здолништа преку фарм...
„Го најдов совршениот фустан од ZARA, заради кој градите ми изгледаат поголеми за една корпа“ „Навистина не сум благословена во пределот на градите, но овој фустан на ZARA то...
9 модни трендови на кои треба да заборавите оваа сезона Кошула-фустани веќе не се во мода, исто како и плетените фустани... Кои парчиња ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg