Кирил Ангелов: „Три години живеев во Брисел - градот на можности, но и град со мирис на урина, нечистотија и криминал“

Можностите што ги нуди Брисел не можат да се споредат со оние на Балканот и Македонија. Платите се високи, постои богат културен и ноќен живот, има разновидни евтини начини за патување, рој места кои можат да се посетат. Но, она кое навистина боде очи и прави да не се чувствуваш како дома е онаа темна страна на Брисел: првично студенилото на луѓето, болната немилосрдна потреба за газење напред во кариерата, преку сè и секој, и незаинтересираноста на луѓето да воспостават подлабок социјален однос со останатите. А тука е проблемот и со загадувањето, ѓубрето, облачното и врнежливо време, скапотијата, а тука се и терористичките напади и насилството.

Kiril-Angelov-Zhivotot-vo-Brisel-e-poln-so-mozhnosti-no-nikoj-ne-saka-da-zboruva-za-negovata-temna-strana-02.jpg

Имав шанса да го напуштам Скопје и да работам во Брисел нешто помалку од 3 години. Градот на разновидноста и испреплетените култури беше мој дом во тој период.

Барем се трудев да биде. А колку се трудев, тој толку ми ја покажуваше и онаа другата страна, потемната – за која никој не зборува. Не зборува токму поради тоа што е главен град на Европската Унија и важи она да се украси вистината, со нешта кои не постојат.

Kiril-Angelov-Zhivotot-vo-Brisel-e-poln-so-mozhnosti-no-nikoj-ne-saka-da-zboruva-za-negovata-temna-strana-03.jpg

Брисел отсекогаш претставувал раскрсница на јазици и култури по што заслужено е претворен во главен град на Европската Унија, НАТО и други Европски институции.

Има над 1 милион и 200 илјади жители. Речиси секој ден може да се прочитаат вести каде Брисел се поврзува со тероризам. Но, тоа не е главната причина зошто Брисел не е добро место за живеење.

Скоро секој ден може да се доживеат и посведочат блокади и штрајкови, нечистотијата е на високо ниво, исто како и проблемот со бездомниците.

Во моите три години во Брисел, не паметам еден мирен месец. Од терористички напади, до штрајкови, затворени улици, блокади, и ред други минорни проблеми, кои стануваа огромен чир на градот.

Проблемот со непостојаноста и скапотијата

Брисел е град каде живеат луѓе кои се таму на краток период како доселеници. Најчесто се во Брисел на неколку години (во амбасади, мисии, Европски институции, организации, итн) и потоа си заминуваат.

Веднаш треба да заборавиш на воспоставување на пријателство, врска, подлабок контакт. Целта на луѓето во Брисел е градење на кариера, на еден ладен начин на кој ние не сме навикнати. Ние на Балканот.

Не е само градот студен, туку и луѓето. 

Kiril-Angelov-Zhivotot-vo-Brisel-e-poln-so-mozhnosti-no-nikoj-ne-saka-da-zboruva-za-negovata-temna-strana-04.jpg

Токму поради тоа што е главен град на Европската Унија додава и на скапотијата скоро за сѐ. Од плаќање кирија, до храна во маркети и ноќен живот.

За луѓе кои доаѓаат од други западни земји, разликата е невоочлива. Но за нас, кои доаѓаме од Балканот и сме научени магично да егзистираме со плата од 300 евра, тогаш сè е некако скапо.

Киријата во просек беше некои 900 евра, сега е рипната за 1.200. Едно излегување навечер ќе ве чини во просек од 30 до 50 евра, рестораните се скапи, освен ако не би се задоволил со брза храна и ланци на добропознати ресторани.

Имигранти и насилство

Сиромашните имигранти живеат во северниот, западниот и североисточниот дел на Брисел. Добро е тие делови да се избегнуваат, дури и за пазарење или едноставно пешачење.

Ова ви кажува многу за стапката на криминал и безбедноста во главниот град на Европската Унија. Но, ова кажува многу и за исламизацијата на овој град, особено на Моленбек, вообичаено наречен „Џихадистичка престолнина на Европа“.

Една интересна случка која лично ми се случи е поврзана со бомбашките напади во Брисел во 2016 година на аеродромот и метро станицата.

Скоро никогаш не се успивам за на работа, но тогаш, тоа утро во 2016 година се успав. Набрзина се облеков, и излетав низ врата да го фатам метрото.

Како што се симнував по скалите, така почна да се слуша галама, плачење, пискотници. Тогаш дознав дека била детонирана бомба на две станици од мојата, во насоката на која јас требаше да одам. Да станев на време, и да се качев на тоа метро можеби би бил една од жртвите тој кобен ден во 2016 година.

Статистиките покажуваат дека на секои 11 минути во Брисел има кривично дело кое вклучува насилство, со просек од 47.491 прекршок. Оттука може да се извлече дека и невработеноста ја диктира стапката на криминал.

Пред неколку години, стапката на невработеност беше 20%, а денес е веројатно поголема.

Ако сакате да се вработите, треба да знаете холандски и француски јазик. Многу имигранти не стануваат дел од општеството, многу од нив сè уште се заробени во шаблоните на земјите од кои потекнуваат. И тоа раѓа со поголема нетолеранција, и поголемо насилство.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
Шарени продавнички, штандови за вафли и разџагорени улици - Зошто да го посетите Брисел во најскоро ... Брисел – ако сè уште ја немате посетено белгиската престолнина тоа, направете го...
Адрпашко-Тепличките карпи во Чешка се пандан на нашата Куклица во кратовско, мистично и волшебно мес... Ова е најголемата групација на карпи во Европа, испреплетени во лавиринти. Издиг...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg