Работи со кои туристите во Италија ги иритираат локалците, според Италијанка

Изнајмуваат превозни средства кои не можат да ги возат – како електрични тротинети – и ја загрозуваат својата, но и безбедноста на другите возачи и пешаци.

raboti-so-koi-turistite-vo-italija-gi-iritiraat-lokalcite-spored-italijanka-01.jpg

Италија е една од најпопуларните туристички дестинации, па локалците навистина се имаат соочено со секакви туристи.

Додека повеќето се културни и покажуваат почит, постојат грешки што ги повторуваат многумина.

Федерика Боко живее во Рим и вели дека постојат многу работи што ги прават туристите, а неа и другите локалци ги иритираат.

Кои грешки треба да ги избегнувате според неа?

Забораваат на сите бон-тон правила за на маса

Италијанците се особено горди на својата кујна и лесно можете да ги навредите ако не сте внимателни.

Федерика советува да не ставате сол во јадењето што ќе ви го послужат пред да го пробате бидејќи со ова ќе го навредите готвачот.

Исто така, избегнувајте да ги сечете шпагетите, а не е препорачливо ни да користите лажица кога ги јадете.

Генерално, кога сте на гости или во локален ресторан, покажете почит кон кујната и готвачот.

raboti-so-koi-turistite-vo-italija-gi-iritiraat-lokalcite-spored-italijanka-02.jpg

Изнајмуваат превозни средства што не знаат да ги возат

Може да биде опасно да возите низ град што не го познавате, особено со превозно средство што не знаете да го возите.

Најдобар пример за ова се електричните тротинети.

Федерика забележала дека бројни туристи ги изнајмуваат, но не ги возат прописно и со тоа им пречат на другите возачи, но и на пешаците.

Истовремено, многумина ги паркираат несоодветно.

Таа советува и да не изнајмувате скутери освен ако не знаете да ги возите добро. Возењето скутер не е исто како на филмовите бидејќи низ италијанските градови има многу улички со калдрми.

raboti-so-koi-turistite-vo-italija-gi-iritiraat-lokalcite-spored-italijanka-03.jpg

Не го почитуваат опкружувањето, ниту луѓето кои живеат таму

Иако Италија е популарна туристичка дестинација, не треба да заборавите дека овде живеат луѓе, дури и на најпознатите атракции.

Па, покажете им почит со тоа што нема да фрлате отпад каде било, нема да правите врева дозна навечер и слично.

Исто така, Федерика истакнува да покажете почит кон историските споменици и места и да не ги уништувате или да се потпишувате на нив.

raboti-so-koi-turistite-vo-italija-gi-iritiraat-lokalcite-spored-italijanka-04.jpg

Не се трудат околу јазикот

Секако, Италијанците не очекуваат да научите италијански пред да ја посетите земјата.

Но, Федерика советува дека ако сакате да користите некои основни зборови, потрудете се да ги изговорите правилно.

Таа забележала дека туристите најчесто го користат зборот grazie (фала) и скоро секогаш го изговараат погрешно.

За правилен изговор секогаш можете да погледнете некое видео на Јутјуб.

raboti-so-koi-turistite-vo-italija-gi-iritiraat-lokalcite-spored-italijanka-05.jpg

Бараат несоодветни оброци во локални ресторани

Ако одите во италијански ресторан, не можете да очекувате да ви послужат јадење од друга кујна. Па, престанете да барате.

Ако ви се јаде нешто друго, секогаш можете да одите во ресторан кој служи друга храна.

raboti-so-koi-turistite-vo-italija-gi-iritiraat-lokalcite-spored-italijanka-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
„Бев во Јужна Италија, со авионски лет од Скопје кој трае 1h, и посетив 6 магични гратчиња“ „Бев сместена во стариот град на Бари, оној најавтентичниот, каде што преку проз...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg