Македонка што живее во Бразил: „Зошто сум воодушевена од здравствениот и образовниот систем во оваа држава?“

„Најголем плус е што образовниот систем е бесплатен, а сите ученици имаат појадок и ручек на училиште. Бразил има многу сиромашни делови, сепак е огромна земја, па според власта, барем додека се на училиште децата не смеат да се гладни. За многу деца училишниот оброк е главниот и често, единствениот оброк до денот. Жално, но вистинито...“, споделува за CRNOBELO.com Македонка на која Бразил ѝ е дом.

makedonka-shto-zhivee-vo-brazil-zoshto-sum-voodushevena-od-zdravstveniot-i-obrazovniot-sistem-vo-ovaa-drzhava-001.jpg

Животот во нова земја е секогаш една голема и непредвидлива авантура, предизвик полн со изненадувања, и добри и лоши, процес на учење и навикнување кој нема крај. А кога земјата е на сосема другиот крај на светот од Македонија, тогаш тој предизвик е двојно потежок поради огромната културна разлика.

Но, полека и сигурно како минуваат годините се навикнувам на животот во Бразил, иако често имам изненадувања.

Од секојдневните навики, до богатата и разновидна палета на егзотично овошје и зеленчук, начинот на комуницирање и она што мене ме разочарува, многу мал степен на познавање на англиски и други странски јазици. Од друга страна пак, тоа ми помогна и ме мотивира јас да го усовршувам португалскиот јазик.

Бесплатен здравствен систем за сите

Најпозитивно сум изненадена од здравствениот систем во Бразил, кој е бесплатен за сите. За време на пандемијата, јас без ниту ден бразилски документ, имав одличен третман и сите лекови ми беа бесплатни.

Sistema Único de Saúde или Унифициран здравствен систем постои од 1989 година и постојано се реформира и подобрува.

makedonka-shto-zhivee-vo-brazil-zoshto-sum-voodushevena-od-zdravstveniot-i-obrazovniot-sistem-vo-ovaa-drzhava-01.jpg

Во секое маало постојат мини амбуланти само за жителите на тој регион.

Овие амбуланти се за закажување термини, редовни контроли и консултации и поедноставни испитувања на крв. Покрај општ лекар има и гинеколог, педијатар и заболекар, во одреден ден од седмицата.

Во склоп на амбулантите или како што се нарекуваат „станици на здравје“ има и аптеки и сите лекови препишани од докторот се бесплатни.

makedonka-shto-zhivee-vo-brazil-zoshto-sum-voodushevena-od-zdravstveniot-i-obrazovniot-sistem-vo-ovaa-drzhava-02.jpg

Но, она што малку ме зачуди е што таму не се доаѓа за итни ситуации или во момент на болка. Во тој случај се оди на „Итно“ или мали болници на различни локации низ градот.

Постојат и приватни болници и приватен систем со надоместок, ама она што ме фасцинираше, е што и во тие приватни клиники работат истите доктори од градската главна болница. Разлика е што, сите процеси се побрзи и самите клиники се помодерни.

makedonka-shto-zhivee-vo-brazil-zoshto-sum-voodushevena-od-zdravstveniot-i-obrazovniot-sistem-vo-ovaa-drzhava-03.jpg

Здравстевниот систем во Бразил има еден голем недостаток, а тоа е што често, поради големиот број на жители, многу може да се чека.

Јас сум во мал град, па го немаме тој проблем и засега имам само позитвно искуство со нивниот државен систем. Но, имам слушано дека во поголемите градови доста се чека.

Сепак, постојат и специјализирани болници во кои се испраќаат најитните случаи.

Одличен план за бременост

Бремените жени имаат предност во Бразил, не мора да чекаат во ред, поголемите маркети и банки имаат преференцијални линии само за трудните, што е уште еден плус.

Јас, водена од искуствата на мои драги пријателки во Македонија, својата бременост ја почнав во приватна клиника во Бразил. Но, и покрај повисоката сума, воопшто не ми допадна нивниот однос, а кулминација ми беше кога ми изгубија резултат.

Па затоа, ги прифатив советите од фамилијата на сопругот, сите со позитивни искуства со нивните малечки, решивме да го пробаме пренаталниот план од амбулантаѕа во нашето маало. И засега, воопшто не се каам, што од приватно се префрлив на државно.

Одличен однос со гинеколог, разбирање дека сум странец и посебна нега околу тоа со трпеливо објаснување. Редовни контроли, бесплатни витамини, само некои поспефицични еха и испитувања кои мора на приватно.

Од нутриционист, до стоматолог и курс за лактација, сè е вклучено во пренаталниот план.

makedonka-shto-zhivee-vo-brazil-zoshto-sum-voodushevena-od-zdravstveniot-i-obrazovniot-sistem-vo-ovaa-drzhava-06.jpg

А за време на породување, секоја жена има право на придружник, дури и во самата сала. А исто така, идната мајка може да одбере дали сака царски рез или природно породување.

Придружник 24 часа имаат сите лица кои се хоспитализирани, без разлика на причината, што според мене, е една од најпозитивните придобивки од бразилскиот здравствен систем.

makedonka-shto-zhivee-vo-brazil-zoshto-sum-voodushevena-od-zdravstveniot-i-obrazovniot-sistem-vo-ovaa-drzhava-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...
Како од разгледница: Албански ресорт покрај море е дефиниција за луксуз - впечатлива архитектура сре... На албанското крајбрежје се подготвува проект за луксузен ресорт, кој воодушевув...
Мало бајковито гратче со замок покрај река во Хрватска е како сцена од сликовница (фото) На 65 километри од Загреб се наоѓа мало историско гратче со тврдина на карпест р...

Најчитани неделава