9 потценети туристички дестинации кои ќе бидат популарни во 2024-та

Финска

Иако туристите почесто одат во Шведска и Норвешка, Финска е подеднакво фасцинантна, а потценета дестинација.

И одовде може да се види поларната светлина, да уживате во скијањето или да посетите сауна на отворено, дури и кога температурите надвор се под нулата.

Главниот град Хелсинки изобилува со ресторани, одлични музеи и фасцинантна архитектура.

9-potceneti-turistichki-destinacii-koi-kje-bidat-popularni-vo-2024-ta-09.jpg

Бедлендс, Северна Дакота

Ова е едно од најинтересните места во САД, каде што во 1880-те живеел Теодор Рузвелт.

Денес големо внимание привлекува националниот парк Бедлендс.

Таму може да видите диви коњи, бизони, прериски кучиња, а интересна да се види е и Куќата на славните каубои.

9-potceneti-turistichki-destinacii-koi-kje-bidat-popularni-vo-2024-ta-10.jpg

Парос, Грција

Туристите ги обожаваат Санторини и Миконос, но Парос е многу подобра дестинација, а многу помалку посетена.

Ова се должи, пред сè, на тоа што таму нема меѓународен аеродром.

Но, островот изобилува со рибарски селца, прекрасни плажи и винарии.

9-potceneti-turistichki-destinacii-koi-kje-bidat-popularni-vo-2024-ta-04.jpg

Националниот парк Каналски Острови, Калифорнија

Овој национален парк се состои од 5 острови, а годишно ги посетуваат околу 30.000 луѓе.

Туристите тука може да видат китови, делфини, морски лавови, но и ретка флора и фауна, кои се специфични само за овој дел од светот.

9-potceneti-turistichki-destinacii-koi-kje-bidat-popularni-vo-2024-ta-05.jpg

Словенија

Земјата изобилува со места кои го одземаат здивот, од долината Соча до Алпите.

Тука е и езерото Блед, главниот град Љубљана, но и стратешката поставеност помеѓу Италија и Хрватска, поради што можете лесно да стигнете и до друга дестинација низ Европа.

9-potceneti-turistichki-destinacii-koi-kje-bidat-popularni-vo-2024-ta-03.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
9 најтопли европски дестинации што може да ги посетите и во зима Кипар, Сплит, Крит... Кои европски дестинации може да ги посетите и во зима, за ...
Дестинации на Балканот што секој мора да ги посети (барем еднаш) Познат како „бисер на Јадранот“, Дубровник е препознатлив по добро сочуваните ср...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg