„Охрид и уште 6 места низ Европа“ – Британки препорачуваат идеални дестинации за летување

Лефкада, Грција

Познат под името „грчките Кариби“, овој остров во западниот дел на Грција е еден од омилените на туристите во регионот.

Малиот остров (долг е само 35km) можете да го заобиколите за 2,5 часа со автомобил.

Но, по патот ќе наидете на мали интересни селца, долги песочни плажи и сина боја на Јонско Море, каква што не сте виделе во животот.

Иако островот има плажи кои се секогаш полни со туристи, секогаш можете да отидете на некоја помала, изолирана и неоткриена плажа, и да се воодушевите.

Интересно е што на една од највисоките точки на островот има село и голем ресторан-бар од каде што луѓе летаат со падобран до плажата Катизма (во придружба на инструктор).

ohrid-i-ushte-6-mesta-niz-evropa-idealni-za-letuvanje-britanki-so-preporaka-za-domashnite-turisti-05.jpg

Естепона, Шпанија

Земјата позната по стотици туристички локации и атракции, сепак има и места кои се неистражени.

Меѓу нив е и Естепона, шармантно гратче западно од Коста дел Сол.

Од преку 12 милиони странски туристи што ја посетиле Шпанија во 2023, само околу 2% дошле во ова приморско село, со бели куќички, долга патека покрај плажата и стар град.

Изобилува со локали, прекрасни тапас-барови и места за опуштање во кои ќе се заљубите.

ohrid-i-ushte-6-mesta-niz-evropa-idealni-za-letuvanje-britanki-so-preporaka-za-domashnite-turisti-08.jpg

Џерси, Каналски Острови

Автономната област која се наоѓа помеѓу Франција и Англија е ретко посетувана од туристите.

Но, тука ќе го најдете најдоброто од двете држави - англиски пиво, француски кроасани.

Локалците ја препорачуваат турата со брод до малите островчиња во близина, на која често ќе можете да видите и делфини.

ohrid-i-ushte-6-mesta-niz-evropa-idealni-za-letuvanje-britanki-so-preporaka-za-domashnite-turisti-10.jpg

Пловдив, Бугарија

Еден од скриените скапоцени камења на Бугарија е Пловдив - меѓу најстарите градови во Европа.

Се верува дека е изграден околу 6.000 година п.н.е, па во градот и денес постојат остатоците од античкиот театар Филипополис, кој датира од римско доба.

Стариот град е мешавина од средновековна и архитектура од 19 век.

Но, градот е жив, полн со кафулиња, ресторани, места за забава и уметност.

ohrid-i-ushte-6-mesta-niz-evropa-idealni-za-letuvanje-britanki-so-preporaka-za-domashnite-turisti-06.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...
10-те најдобри плажи во Европа за лето 2026 - повеќето се во Грција, која ви е фаворит? Првата на листата со најдобри плажи за лето 2026 се наоѓа во Португалија, дури 5...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg