Најубавите скриени богатства и тајни дестинации низ Европа за 2025
Од колоритни улички низ Боса во Италија, до бајковитото селце Несо на Езерото Комо, па мирниот и рајски остров Халки во Грција и историскиот град Благај во Босна – ќе се изненадите за колку прекрасни места никогаш не сте ни слушнале.
Нашиот континент изобилува со многу природни убавини и богата историја и култура, која воодушевува, без разлика каде ќе отидете.
Но, големите метрополи и популарните туристички места се веќе преполни со гужва, па иако вредат за посета, сепак понекогаш секој би сакал да избега од толпата.
Низ Европа има толку многу скриени места и богатства кои не се комерцијализирани, кои нудат незаборавни искуства, а ги знаат само најискусните патувачи кои сакаат да истражуваат.
Патувачите на European Best Destinations направија листа со 10 такви дестинации кои се скриени богатства.
Вистина е дека до некои од нив можеби потешко се стига, но ако се сака – се може, па разгледајте кој од овие скриени бисери би сакале да го искусите:
Боса – Сардинија, Италија
Несо – Езеро Комо, Италија
Остров Корво – Азорски Острови, Португалија
Албарацин – Шпанија
Благај на Буна – Босна и Херцеговина
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





