„Бев на патување во Улцињ и го шетав црногорското крајбрежје до Будва – магичен стар град, 13km песочна плажа“
Од аквадуктот до одлични локали и тука има што да видите.


И отидов без преголеми очекувања, но навистина бев позитивно изненадена од тоа како Црногорците си работат на туризмот и имаше настани дури и пред сезоната, па така ги посетив концертите на отворено на светски познатата албанска пејачка Ера Истрефи, како и на српскиот бенд „Амадеус бенд“.
Водата во Јадранското Море беше сè уште престудена за мој вкус, но се избањав еднаш, иако на плажите луѓе си пливаа на редовна база.


Црногорското крајбрежје како дестинација за овој период од годината за мене се покажа како одлична дестинација.

Магичните Котор и Пераст веќе ги имам посетено, но Тиват и Херцег Нови ги оставив за наредниот пат, бидејќи добив информација дека се работи на Јадранската Магистрала во тој правец.



