На одмор со Нина Ред на Миконос: „Нема пауза од забави, сите шетаат дотерани, а за секаде се потребни резервации“
Scorpios имаат предобра програма, нема шанси да не си поминете добро. За Interni, Zuma, Lio Mykonos (кабаре шоу), Cavo tagoo исто е загарантирано добра забава.
За сите овие треба да си направите резервација и нема некој минимален трошок кој треба да го потрошите. Едниствено што треба само да се испочитува е онлајн резервација за секаде.

Ако ја направите навремено, влегувате веднаш, ако не ќе морате да чекате ред дури и по еден час. За дискотеки може да се посетат Void, Moni, Alemagou, за Lio Mykonos ако ве има на Guest листа (преку луѓе) влегувате веднаш, ако не, ќе мора да чекате, што значи организација за посета на сите места, со време.

Ако сакате да искусите сè од Миконос, во тој случај треба да подготвите одреден буџет за сите места и активности.
Овде навистина владее ноќниот живот, има посебен дух, но и зависно во кој период ќе го посетите Миконос.

Што се однесува до храната, гиро ќе најдете од 10 евра, па нагоре, кафе за 4 евра, ручек зависно што ви се јаде и каде, но од 18 евра од оброк, па нагоре, пијалак од 10-15 евра, па нагоре.
Зависно каде сте, по тоа се диктираат и цените.


Миконос го имам посетено двапати и чувствувам како да не е доволно за да ви доловам сè. Миконос го посетувале наши луѓе уште пред 10 години, веројатно тие имаат повеќе да кажат.
Го оправдува моментот зошто е извикано место за посета. Ќе бидам искрена, прво нешто што почна да ме воодушевува е културата и модата.
Бев фасцинирана како се носат луѓето, колку се опуштени во носењето, забележав и далеку повозрасни луѓе како си шетаат дотерани, какви модни комбинации прават, како им текнува на тоа, уметност!

Не мора да си дотеран, туку местото те инспирира. Се чувствува таа убава позитивна енергија.
Што се однесува до посетата на островот, поимот скапо е индивидуална работа, зависно колку сакаш да потрошиш и дали ти треба забава во животот.

