На одмор со Нина Ред на Миконос: „Нема пауза од забави, сите шетаат дотерани, а за секаде се потребни резервации“
Миконос има и сосема нормални плажи каде нема забави, има работи што се за сечиј џеб, но има и места за кои мора да потрошиш минимална сума за да го доживееш тоа искуство.
Едно е сигурно. Кога го одбираш Миконос за одмор, планирај да се замориш, а не да се одмориш, бидејќи нема да ти се спие.

Модата, луѓето, убавата енергија, забавите ме тераат да се вратам тука повторно.
Треба неколкупати да го посетиш местото за да донесеш некаков заклучок и да одлучиш дали ќе дојдеш повторно или не.

Можам да кажам дека Миконос повеќе сега го уживав и засакав, отколку минатата година.
Многу нови луѓе запознав и се дружев, доста работи вметнав и отфрлив од гардероберот, навистина ме инспирира.

Уште неколку фотки од одморот на Нина на Миконос:







©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело
