На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме турскиот Дизниленд и Аквариумот“
Вечерта кога ја посетивме Land of Legends, сфативме дека некои бајки не се само за читање – туку за живеење.
Ова магично место, наречено и турскиот Дизниленд, не е само забавен парк, туку цел еден свет полн со фантазија, светлина и музика.
Сè започна со шарена парада низ каналот – бродови осветлени со илјадници светилки, танчари облечени како ликови од соништата, и музика што те носи некаде далеку.

Детските очи сјаеја, а и возрасните заборавија на реалноста – барем за миг.
А кога започна ноќното шоу со танцувачката фонтана, времето како да застана. Водата танцуваше во ритам на музика, обоена во сите бои на виножитото, додека небото блескаше од огномет.
Тоа не беше само претстава – тоа беше емоција, магија и сонот што станува стварност.

Land of Legends е повеќе од место – тоа е доживување што се памети, бајка која живее … и останува во срцето долго по враќањето дома.

За оние што се заинтересирани за климата, климата во Анталија беше поднослива и пријатна, иако дневните температури се искачуваа до 38 степени Целзиусови.
Сепак, благодарение на морскиот ветер, навечер лесно изладуваше и се создаваше освежувачка атмосфера, идеална за прошетки и спиење, без комарци и други инсекти.

Ако ме прашате зошто би се вратиле пак?
Можам да сублимирам дека покрај сите природни убавини, чистото море, вкусната храна и волшебните излети – она што навистина ни остана во срцето е гостопримливоста на луѓето.

Турскиот народ е толку топол, љубезен и насмеан, што на секој чекор се чувствувавме добредојдени. Без разлика дали беше во хотелот, на базар, во ресторан или во град – секој зборуваше со почит и добрина.
Токму таа човечка топлина, покрај сите спомени, ни вели: „Вратете се пак. Ова место не е само дестинација – туку чувство“.

Доколку и вие сакате да ни споделите интересни искуства од вашиот летен одмор за сезона 2025, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело
