„Бев на одмор во гратче на 50km од Барселона, со лет од Скопје за 2.5 часа – какви ми се впечатоците?“
Токму тоа што го сакам го видов во гратчето Матаро, каде нè фати кус 10-минутен летен дожд и ова само го засили ефектот на доживувањето на ова гратче, кое беше мистично кога го гуглав, а совршено кога го посетив.


Го видов и Бланес со совршената ботаничка градина Маримуртра, каде имате чувство дека сте среде џунгла, а потоа уживав оттаму во спектакуларен поглед кон морето.
Ова место навистина ми се допадна дури и како дестинација за одмор, а имаше огромен број туристи дури и од Кина.



Бев и во Фигерас, каде покрај истражувањето на магичните ќошиња, го посетив и музејот на Салвадор Дали, каде восхит е малку да се каже за тоа што го доживеав.
Толку ексцентричен, а толку неверојатно талентиран, уметник чиј музеј мора да го посетите некогаш во животот.



Нормално бев и во Барселона. При оваа посета го посетив шпанското село, готскиот дел на градот, аквариумот и уште низа други локации, но Барселона си бара барем 5-6 дневен пролетен одмор за шетање на раат.


