Пингвини, фоки: Србинка плаче од среќа на Антарктикот и скокна во ледениот Јужен Океан (фото+видео)
Континент на кој моментално е лето, што значи дека денот трае 24 часа – цело време е светло, нема ноќ.
И сè што имам да ви кажам за почеток на објавите од белиот континент е дека овие снимки се направени за помалку од 2 дена престој тука.

Се надевам дека се радувате на новите приказни и дека ќе уживате во нив, но пред сè и нешто ќе научите.
Затоа што за мене ова е влез во часовите по географија и остварување на сон кој до пред неколку години не се осмелував ни да го сонувам.
Нека биде мотивација и за вас…“
Кликнете на видеото:
Потоа сподели дека влегла во ледената вода на Јужниот Океан:
„Често од другите слушам дека мислат оти сум помалку луда, а денес тоа си го потврдив и самата себеси.
Веројатно најлудата работа што досега сум ја направила во животот – скокнав во ледениот Јужен Океан на Антарктикот.

Преку разглас ни јавија: имате половина час да се подготвите, создадени се услови за таканаречениот „polar plunge“ (скок во ледена вода).
Ние мислевме дека ќе биде попладне, но на Антарктикот сè е непредвидливо и кога ќе ти кажат да се подготвиш – нема друга опција.
Како воопшто да се подготвиш за ваков подвиг? Да облечеш костим за капење, да испиеш шот вотка и да му се помолиш на Бог.

Но, искрено да кажам, беше мнооогу помалку страшно отколку што очекував. Веројатно телото е во толкав шок и сè се случува толку брзо, што не стигнува ни да ја регистрира студената вода, а веќе си надвор.
Кај мене проблем беше што, иако си го држев носот, некако се наголтав вода (веројатно повторно од шокот) и по излегувањето мислев дека ќе се задушам, иако веќе бев надвор.
Температурата на водата е 2 степени, отприлика колку и надворешната. А чувството кога ќе се вратиш на бродот… непроценливо.
Низ телото како да ти минуваат милион мравки, а адреналинот е до небо. Ми се плачеше и ми се смееше во исто време.

