Калитеа – 30 евра по особа, Сивири – со консумација: Какви се цените за лежалки на првиот крак во Грција за лето 2026?
На дел од градските плажи, потребна е одредена минимална консумација на пијалаци, во некои бич барови, пак, само сет лежалки се плаќаат и од 60-120 евра за прв ред, а некаде е доволно да се нарачува пијалак на секои 4 часа - какви се цените за лежалки сезонава на првиот крак во Грција, кои некаде се менуваат зависно од месецот?

Цените во грчките летувалишта секоја сезона по малку се покачуваат – од цена за лежалки на плажите, до цена на храна и пијалаци, па и сместувања.
Доколку летово одите на одмор на првиот крак во Грција, Касандра, можеби ќе ве интересираат цените за лежалки и чадор на разни градски плажи и бич барови.
Некаде уште се применува „системот“ на плаќање лежалки со консумација, но на голем дел од плажите, лежалките се плаќаат и засебно и дополнително треба да си платите за пијалаци и храна.
На Инстаграм профилот на Никана, објавија цени на лежалки од повеќе туристички места:
Неа Мудања
- Прв ред: 30 евра по сет лежалки со чадор
- Останати редови: 25 евра по сет

Калитеа
- 20-30 евра по особа, зависи од бич барот
- Saltwater Bar Restaurant: од 60-120 евра во зависност од редот

Полихроно
- Минимална консумација во повеќето бич барови: 20-40 евра, зависи од редот
- Salty Beach bar: 60 евра за прв ред, 50 евра за втор ред, 40 евра за трет ред

Неа Каликратија
- Првите три реда: минимална консумација од 50 евра по сет
- Таму каде што нема минимален услов, треба да се нарачува пијалак на секои 4 часа
