На хрватскиот остров Корчула има руфтоп бар во кула, каде коктелите ви стигаат во кошница (фото)

Ако летово одите на Корчула, вреди да го посетите барот кој е скриен на врвот на кула стара половина век - дотаму се стига низ стрмни дрвени скали, а коктелите до вас ќе стигнат во кошница, со јаже кое се крева нагоре до самата тераса. 

na-hrvatskiot-ostrov-korchula-ima-ruftop-bar-vo-kula-kade-koktelite-vi-stigaat-vo-koshnica-foto-01.jpg

Доколку ова лето се одлучите да го посетите прекрасниот хрватски остров Корчула, има едно местенце кое вреди да го посетите.

Покрај совршените плажи и улички низ кои може да се загубите од истражување, тука се и локалите каде може да се опуштите и да уживате.

Ако сакате нешто поразлично, дури и ако не е баш на плажа, тогаш Massimo коктел барот е нешто што не треба да го пропуштите.

Сместен е на врвот на Кулата Закерјан, една од најпознатите средновековни кули.

Има спектакуларен поглед на море, стари градби и кон околните островчиња, но има и уште нешто што е многу поспецифично.

За почеток, за да стигнете до терасата на кровот, ќе искусите мини авантура, бидејќи дотаму се доаѓа преку стрмни дрвени скали кои носат директно низ кулата.

Но, оние кои ќе успеат да стигнат дотаму, со оглед на тоа што бројот на гости во исто време е ограничен, ќе имаат и уникатно искуство на послужување пијалаци.

Нарачаните коктели до гостите стигаат во кошница која се крева нагоре до терасата.

Повеќе Инстаграм фотки од барот:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Листа со цени за лежалки во бич барови на вториот крак во Грција за лето 2026 На рајската плажа Kavourotripes може да користите лежалки само со нарачан пијала...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...

Најчитани неделава