Инфлуенсерката Софија Јанева за одморот со мало дете: „Чекањето на грчка граница со Матео (1) беше тест на трпение“
Имаше и моменти кога Матео ќе решеше дека денес е одличен ден да трча по непознати луѓе низ плажа и да им краде работи од нивните торби за плажа.
Имаше моменти кога туѓите топки, пешкири или лопатки му изгледаа многу поинтересни од неговите.
Раце со песок? Проблем.
Погрешна лопатка? Огромен проблем.
Научи да кажува “НЕ” (и да мрда со прстето), па тој збор му стана омилен.

Во тие моменти човек лесно заборава дека тоа не е непослушност. Тоа е растење.
Учење емоции. Тестирање граници што е сосема нормално за оваа возраст.

Не беше лесно. Имаше денови кога бевме изморени уште пред појадок. Имаше моменти кога едвај чекавме да заспие навечер.

Имаше и мигови кога се прашувавме дали воопшто некој родител на одмор навистина се одмара.

Можеби ова не е сезона за одмор. Можеби е само сезона за создавање спомени.
Засега, тоа е сосема доволно“.
С. С. | Црнобело