Две лежалки - 12 евра, коктел од 10 евра нагоре: Какви се цените за летување во Црна Гора во 2026-та?

Цени на пијалаците

Кога станува збор за пијалаците, и тие привлекоа внимание кај туристите.

Кафе на црногорските плажи чини меѓу 2 и 3 евра, пиво од 3 до 5 евра, а слични цени имаат и безалкохолните пијалаци.

Коктелите се меѓу поскапите освежувања и нивната цена се движи од 10,5 до 12,5 евра.

Колку чинат лежалките и чадорите во Црна Гора?

За многу гости дополнителен трошок претставуваат услугите на плажа.

Според достапните информации, комплет од две лежалки и чадор оваа сезона чини 12 евра дневно.

Оние кои сакаат повеќе приватност и удобност, за балдахин ќе треба да издвојат 25 евра дневно.

Сепак, конечниот впечаток за трошоците на летувањето ќе зависи од изборот на самата дестинација (Будва, Котор, Улцињ или Херцег Нови), ресторанот, како и периодот на патување, бидејќи цените варираат во текот на сезоната.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...

Најчитани неделава