Коста и Александра од Скопје за одморот во Валона: „Градската плажа не е тиркиз и нема да ве восхити, но на 15km е рајот“
„Искрено, пред да дојдеме во Валона не знаевме што да очекуваме. Морето е чисто, но плажата е сосема просечна и тоа не е причината поради која би ја избрале Валона. Долгото шеталиште полно со палми, каде секоја вечер уживавме во прошетки со децата, е тоа во што се вљубивме“, вели Коста Гаќидев (35) и открива која плажа на 15km од Валона го воодушевила.

Коста Гаќидев (35) и Александра Гаќидев (35) од Скопје се авантуристички пар со две деца, кој обожава патувања.
Нивните ќерки, Елена (6) и Јоана (3), се нивни верни придружнички секаде.
Коста го води профилот „Каде за Викенд“, каде споделува детали од нивните патувачки авантури.
Овој пат тие го посетија градот Валона во Албанија.
Велат дека градот ви дава чувство дека сте на тропска дестинација, има неверојатни зајдисонца, пријатни цени на морската храна во ресторани покрај морето, а треба да ја посетите плажата со лежалки и жива атмосфера „Бора, бора“, а ако сакате тиркизна вода - тогаш правец Орикум.
Орикум е мало крајбрежно гратче во Албанија, сместено близу Валона.

Нивната објава гласи:
„Искрено, пред да дојдеме не знаевме што да очекуваме. Често ја споредуваат со Грција, па бевме љубопитни дали навистина вреди.
По неколку дена таму можеме да кажеме дека Валона пријатно нè изненади.

Да бидеме реални градската плажа не е тиркизна и не е нешто што ќе ве остави без зборови.
Морето е чисто, но плажата е сосема просечна и тоа не е причината поради која би ја избрале Валона.

Она што нè освои е се друго.
Долгото шеталиште полно со палми, каде секоја вечер уживавме во прошетки со децата.

Огромен избор на модерни ресторани, кафулиња, слаткарници, пицерии, морска и традиционална кујна.
Безбедна и жива атмосфера, идеална за семејства.
А најголемото изненадување беше Orikum Beach, на само 15 минути од Валона. Таму конечно го добивме она тиркизно море што сите го бараат кога одат на Јадран или Јонско Море.
За нас е место што задолжително треба да го посетите ако сте сместени во Валона.

Кликнете на видеото кое ја доловува атмосферата во Орикум:
За нас, Валона дефинитивно останува еден од најубавите семејни одмори што сме ги имале.
Дали вие би ја избрале Валона наместо Грција ова лето?“