Топ 5 зимски дестинации

Ви требаат совети каде да отпатувате оваа зима и за празниците? Сакате да отидете на место каде ќе ве обземе зимско расположение?

top-5-zimski-destinacii-01

Metro World News ги препорачува следниве 5 дестинации:

1. Задар – звукот на морето. Сместен на далматинското крајбрежје, Задар е на некој начин одвоен од остатокот од Хрватска. Богат е со историја – градската порта датира од времето на ренесансата и ја чуваат опасни венецијански лавови. За посебно доживување слушнете ги звуците на Морските оргуљи на архитектот Никола Башиќ.

top-5-zimski-destinacii-1


2. Бриж – средновековна магија.
Сензуален, магичен готски белгиски град. Служи како културен мост меѓу Северна и Јужна Европа во текот на 14 и 15 век. Местото е малечко, но совршено за зимска романтика.

top-5-zimski-destinacii-2


3. Виена – опера, кафани и Божиќ.
Во Виена Божиќ се прославува на најмагичен начин од цела Европа. Ќе уживате во звуците на Моцарт и Бетовен, во варено вино, во магијата на комплетно осветлениот град.

top-5-zimski-destinacii-3


4. Финска Лапонија – место за санкање.
Лапонија е совршено место за зимување. Иако деновите се кратки, тоа ќе ви биде најмала грижа затоа што овде ќе се чувствувате повторно како дете додека се санкате или се возите на скијачки мотори. Фасцинантна зимска приказна која ќе ви ги разубави долгите зимски ноќи. А, тука се и љубезните домаќини.

top-5-zimski-destinacii-4


5. Француското скијалиште Вал Ценис – мир на француските Алпи.
Ова е еден од најубавите ски центри во Франција. Сплет од 30 ски лифтови кои тргнуваат од подножјето на живописните села на француските Алпи. Овде нема гужва и на жичарата не се челка никогаш повеќе од минута – две. Од врвот се пружа восхитувачки поглед на Алпите, езерото, синото небо и белината насекаде околу вас.

top-5-zimski-destinacii-5

Би можело да ве интересира:

На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме т... „Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бе...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
„Бев во Јужна Италија, со авионски лет од Скопје кој трае 1h, и посетив 6 магични гратчиња“ „Бев сместена во стариот град на Бари, оној најавтентичниот, каде што преку проз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg