Слатко патување: Каде се кријат највкусните чоколади на светот?

Чоколадото е многу повеќе од само слатко задоволство, а тоа се потврдува со најновиот тренд на „чоколадни” патувања. Станува збор за организирање на туристички тури на кои се посетуваат исклучиво музеи, продавници и фабрики за различни видови на чоколадо.

slatko-patuvanje-kade-se-krijat-najvkusnite-cokoladi-na-svetot-1

Чоколадите и чоколадните производи се карактеристични за многу градови. Во ова предност има Европа, па на нејзината карта на чоколадни дестинации се наоѓаат Цирих, Брисел, Турн, Барселона и многу други локации.

Швајцарското млечно чоколадо, пралине од лимон во Барселона, богатите италијански сладоледи, најсочните њујоршки мафини со чоколадо – сето ова и тоа како е вредно да се спомене.

Сепак, овој пат ги издвојуваме дестинациите за вистинските љубители на чоколадото и познавачите на најпознатиот десерт на планетата.


Брисел, Белгија

slatko-patuvanje-kade-se-krijat-najvkusnite-cokoladi-na-svetot-2

За белгиските чоколади, секој опис е залуден. Предлагаме да ги посетите музеите за какао и чоколадо, каде покрај дегустација може да се дознае и по некоја тајна за правење на истите. Најживописно и највкусно е пралинето на Wittamer – “Isabelle” кое во себе крие темно чоколадо полно со марципан со вкус на фстаци, а подеднакво омилено е и “Leslie” млечното чоколадо со карамелизиран ананас. И секако додека сте во Брисел, не пропуштајте да пробате од чоколадните фонтани, нема да зажалите.


Париз, Франција

slatko-patuvanje-kade-se-krijat-najvkusnite-cokoladi-na-svetot-3

Иако можеби поради сите тие пецива и сирења, чоколадото е во ставено во втор план, сепак француското чоколадо е надалеку познато и почитувано. Било да е во прашање chaud a lancienne – топеното чоколадо кое се додава во млеко или пак богатото црно чоколадо од Debauve et Gallais, за кое се смета дека е најдоброто црно француско чоколадо, со сигурност ќе заборавите на броењето на калории и ќе уживате во совршениот вкус. La Cafeotheque е неодминлива точка за љубителите на кафе. Овде можете да ги вкусите најразличните напитоци кои претставуваат комбинација на кафе и чоколадо. Најслаткиот сувенир ќе го најдете во чоко-атељето на Michel Chaudun или Jacques Genin.


Гренада, Кариби

slatko-patuvanje-kade-se-krijat-najvkusnite-cokoladi-na-svetot-4

Блескаво бели плажи, тиркизно море и чоколадо – Гренада е прав хедонистички рај. Продавничките на локални произведувачи не се отмени како Европските, но гарантираат уживање во чистото чоколадо со 82% какао. Целото чоколадо кое се произведува на островот е со органско потекло од локалните плантажи. Посебен деликатес претставува чоколадото во прав кое се додава во напитоците, но и во оброците.


Оахака, Мексико

slatko-patuvanje-kade-se-krijat-najvkusnite-cokoladi-na-svetot-5

Зарем постои поубаво место за дегустација на чоколади од нејзиното родно место? Уште во 1100 година п.н.е. чоколадото се правело на овие простори, па и не е чудно што постојано се проткајува во градската историја и култура. Во улицата Мина, најдобрата улица за слатки во светот, се наоѓаат Mayordomo, Guelaguetza и La Soledad – фамилијарни фабрики за чоколадо, многу ценети помеѓу правите познавачи на овие слатки. Покрај тоа имате можност да вкусите вистинско, штотуку подготвено чоколадо, можете да го набљудувате целиот процес на приготвување на истото, па дури и да научите како да го користите чоколадото во кулинарството. Пилешко со авокадо и чоколадо – зошто да не?

Би можело да ве интересира:

На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
Бев на Малта со повратен лет од Скопје за 50€: Кафе е 2€, печива има за 0.50 центи - но, што не ми с... Се изненадив дека Малта е поголема отколку што очекував. Валета ме воодушеви и п...
Гиро до 4.70 евра, лежалка со кафе за 3 евра: Какви се цените во Полихроно и Неа Флогита во лето 202... Изминатиот викенд го поминав во Полихроно и во Неа Флогита - гратчиња оддалечени...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg