Најдобрите нудистички плажи на Балканот

Сите љубители на нудизмот, кои не знаеле каде можат да се опуштат „како од мајка родени”, своите нудистички потреби може да ги задоволат на некоја од најпрекрасните нудистички плажи во близина на Хрватска, Грција или Црна Гора.

najdobrite-nudisticki-plazi-na-balkanot-01

Уживајте во сите благодети на голотијата на барем една од овие неколку плажи...

Плажите на Црвениот остров, Ровињ, Хрватска

Плажите на Црвениот остров се едни од најпознатите локации во Ровињ. Се работи за остров до кој се доаѓа исклучиво со бротчиња кои кружат на речиси еден час, а возењето трае само 15 минути. Задоволството е загарантирано, со оглед на сите активности во кои може да уживате. Од возење на педалинки, играње одбојка на песок, па сè до скијање на вода и мини-голф.

najdobrite-nudisticki-plazi-na-balkanot-1

Коверсада, Вршар, Хрватска

Плажата Коверсада е најпозната нудистичка плажа во Хрватска. Се наоѓа на влезот на Лимски канал, во близина на Вршар, а се состои од голем број мали скриени оази. Погодна е за сите, без оглед дали сте романтичен пар кој сака да добие беспрекорен тен, самец кој сака да одмори од гужвите или пак семејство кое сака да доживее нудистичко искуство.

najdobrite-nudisticki-plazi-na-balkanot-2

Банана бич, Скијатос, Грција

Југозападниот брег на Грција го краси прекрасната Банана бич, која воедно е позната и како омилена дестинација на сите нудисти. Се состои од три песочни плажи на кои можете потполно да се опуштите и да уживате во сонцето.

najdobrite-nudisticki-plazi-na-balkanot-4

Плакијас бич, Крит, Грција

Плакијас бич на Крит е познато место за собирање на голем број нудисти кои сакаат да уживаат во атрактивниот пејзаж со речиси вертикално стрмни карпи. Покрај тоа, се издвојува по убавиот златест песок.

najdobrite-nudisticki-plazi-na-balkanot-5

Ратац, Бар, Црна Гора

Плажата Ратац е сместена на истоимениот полуостров, на патот од центарот на Бар до Сутоморе. Од гужвата и магистралниот пат оваа плажа е одвоена со бујна шума и е една од најдобро скриените, бесплатни нудистички плажи во овој регион.

najdobrite-nudisticki-plazi-na-balkanot-6

 Црвена главица, Будва, Црна Гора

Црвената главица е збир од пет помали плажи во кругот на истоимениот нудистички камп. Плажите се разновидни, од песочни до камени. Сите се карактеризираат по црвенкастиот песок и камчиња, но и по големиот број на нудисти кои решиле да го пронајдат својот мир токму тука.

najdobrite-nudisticki-plazi-na-balkanot-7

Ада Бојана, Улцињ, Црна Гора

Песочниот остров е единствената оаза на нудизмот каде може да уживате на ситен песок составен од сицилиумски карпи, школки и корали. На располагање имате сместување во најблискиот камп или бунгалов.

najdobrite-nudisticki-plazi-na-balkanot-8

Би можело да ве интересира:

Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
Матка и уште 7 живописни кањони во Европа што го одземаат здивот Од Матка во Македонија, до Samaria на грчкиот остров Крит, Европа крие бројни жи...
Забрана за пушење на плажа, казни за бучава - Шпанија од летово со нови правила за некултурните тури... При резервација задолжително се остава број на картичка, од каде ќе бидат повлеч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg