10 типови луѓе кои ќе ги сретнете во хостел

Луѓето кои потполно се вклопуваат во средината, па дури и со акцентот

10-tipa-luge-koi-ke-gi-sretnete-vo-hostel-07

Лични карактеристики: Секогаш знаат каде и што се наоѓа; Го владеат дури и тамошниот јазик и акцент.

Должина на патувањето: 1 месец.

Овие луѓе ќе ги препознаете насекаде низ светот, но посебно во Латинска Америка. Да се разбереме, тие не ја посетуваат земјата да научат, тие се таму затоа што веќе знаат сè! И сега е идеално време да го покажат тоа...

Осамениот патник

10-tipa-luge-koi-ke-gi-sretnete-vo-hostel-08

Лични карактеристики: Постојано чита книги - водичи; Ужива во самотијата.

Должина на патувањето: 15 дена.

Знаете дека си имате работа со осамен патник само ако нивниот прирачник е стар неколку децении и го сметаат речиси идентично како семејното богатство. Нивната врска со книгата е интимна и тивка.

Европејката\Европеецот од соништата

10-tipa-luge-koi-ke-gi-sretnete-vo-hostel-09

Лични карактеристики: Едноставни, а неодоливо слатки; Забавни.

Должина на патувањето: 2 месеци.

Оваа Европејка или Европеец е причината зошто насекаде шетате со насмевка, кога таа/тој е околу вас. Се молите да е веднаш до вашата соба, но како за инат е на спротивната страна од хостелот.

Дечкото кој ги познава сите вработени во хостелот

10-tipa-luge-koi-ke-gi-sretnete-vo-hostel-10

Лични карактеристики: Сите вработени се негови блиски; Понекогаш се однесува како тој да го поседува.

Должина на патувањето: 3 месеци.

Ако на почетокот не забележавте, ова момче е дел од најблиските кругови. Исто како да работи тука - ќе ве насочи накај тоалетот, ќе ги разреши сите нејаснотии и ќе ви објасни во што сè можете да уживате додека престојувате.

Неподносливо заљубениот пар

10-tipa-luge-koi-ke-gi-sretnete-vo-hostel-11

Лични карактеристики: Постојано се одделени од групата; Без фотографии на кои се бакнуваат не може да помине ни еден ден.

Должина на патувањето: 2 недели.

На почеток се слатки, компатибилни и секогаш во тон. По некој ден може да се фатите како бегате што подалеку од нив, но не е до вас. Заедничкото одење во тоалетот и филозофиите за две тела, а една душа, се премногу за било кој!



Би можело да ве интересира:

На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
Ова не е ниту Хрватска, ниту Франција, ниту Словенија - Охрид е! (вирално видео што освестува) Не е ниту Хрватска, ниту Австрија, ниту Италија, ниту Словенија, ниту Франција, ...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg