Препорачуваме: Фестивали на чоколадото во Италија

Има ли нешто послатко од највкусното задоволство, Неговото Височество, чоколадото? Во Италија има долга традиција за правење чоколадо со познати чоколатерии лоцирани во градовите како Торино, Перуџа и Модика.

cokoladni-festivali-vo-italija-01

Болоња, Фиренца и областа Тоскана, кои иако првично не асоцираат на чоколадо, сепак имаат традиционални чоколатерии, па не е изненадувачки што во овие градови се одржуваат најголемите саеми на чоколадо во Италија.

Ако сте љубители на ова задоволство, подгответе се за чоколадно патување во Италија на некои од следниве фестивали:

1. Eurochocolate di Perugia (Перуџа, Умбриа), 18-27 октомври 2013

cokoladni-festivali-vo-italija-1

Овој фестивал е започнат во 1993 година и сега ќе ја прослави својата 20 годишнина, а ќе се фокусира на биоразградливоста. Чоколадниот фестивал кој е еден од најголемите во Европа, ќе вклучува дегустација на чоколадо, чоколадни уметнички прикажувања, улични перформанси и чоколадни скулптури со инсталации и активности на плоштадите Piazza Italia, Piazza della Repubblica, Corso Vannucci, Via Mazzini, Via Fani и Piazza IV Novembre.


2. Cioccoshow (Болоња, Емилиа Ромања), 13-17 ноември 2013

cokoladni-festivali-vo-italija-2

Чоколадниот саем во Болоња ќе се одржи по деветти пат од 13 до 17 октомври каде мајсторите за чоколадо од цела Италија ќе ги презентираат чоколадите од сите видови, големини и вкусови.


3. CioccolaTo, Торино (Пиедмонтезе), 22 ноември до 1 декември 2013

cokoladni-festivali-vo-italija-3

Италијанскиот главен фестивал за чоколадо кои треба да се одржи во 2013 година. За 10 дена, посетителите ќе имаат можност да откријат некои од најдобрите рецепти за чоколадо во Торино и областа Пиедмонтезе.

4. Showcolate, Наполи (Кампаниа), 6 до 15 декември 2013

cokoladni-festivali-vo-italija-4

Чоколадниот фестивал во Наполи годинава ќе се одржи по петти пат на Piazza del Plebiscito од 6 до 15 декември.

5. Ciocobarocco, МодикА (Сицилија), 6 до 8 декември 2013

cokoladni-festivali-vo-italija-5

Познатиот антички чоколаден рецепт според традицијата на Ацтеките е донесен во Сицилија од страна на Шпанците во 1500 година. Модика уште е нарекувана и Ciocobarocco (Чокобароко), според вековната чоколадна традиција. Оригинално овој саем се одржува во Март, но годинава ќе се одржи во декември, од 6-ти до 8-ми.

6. CioccolArt, Сицилија (Таормина), 21 декември 2013 до 6 јануари 2014

cokoladni-festivali-vo-italija-6

Овој чоколаден фестивал ќе се одржи по петти пат во Таормина (Сицилија) од 21 декември до 6 јануари.

7. Cioccolentino, Терни (Умбриа), 12 до 16 февруари 2014

cokoladni-festivali-vo-italija-7

Cioccolentino е веројатно најромантичниот и највозбудливиот фестивал од сите чоколадни фестивали. Не само затоа што се одржува на празникот „Св. Валентин“, туку и затоа што е лоциран во градот кој е познат како главен град за сите вљубени.

8. Fiera del Cioccolato Artiginale, Фиренца (Тоскана)

cokoladni-festivali-vo-italija-8

Оваа година е најавен чоколаден спектакл од 10 до 19 февруари 2014 во магичната Фиренца.

9. Ciok in Roma, Рим (Лацио), февруари 2014

cokoladni-festivali-vo-italija-9

Овој фестивал првпат се одржа минатата година. Неговата цел беше да претстави нешто потполно различно од останатите италијански чоколадни фестивали, поврзувајќи ја храната на боговите со археологијата. Што ќе прикажат оваа година останува да видиме откако ќе бидат објавени датумите за негово одржување.

Би можело да ве интересира:

10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
„Бев во Јужна Италија, со авионски лет од Скопје кој трае 1h, и посетив 6 магични гратчиња“ „Бев сместена во стариот град на Бари, оној најавтентичниот, каде што преку проз...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg