Шпанска оаза: Градот во кој платата е 1200, а киријата 15 евра

Мариналеда е гратче во јужниот дел на Шпанија кој се протега на 25 километри квадратни и брои околу 2.700 постојани жители.

spanska-oaza-gradot-vo-koj-platata-e-1200-a-kirijata-15-evra-01

Жителите на Мариналеда не се плашат да ги изразат своите политички уверувања. Наместо блескави реклами и брендови, уличната уметност во облик на графити и пораки за солидарност се нејзин белег.

Улиците ги носат имињата на славните борци кои се избориле за работичките права, како што се Федерико Гарсија Лорка и Пабло Неруда.

Додека остатокот од Шпанија се бори со домашната олигархија и странските банки кои ја преземаа земјата, одлуките во овој град се носат по демократски пат на неделни состаноци кои обично ги посетуваат 300 до 400 луѓе.

spanska-oaza-gradot-vo-koj-platata-e-1200-a-kirijata-15-evra-02

Додека невработеноста во Шпанија е 27%, во Маериналеда е остварена речиси целосна вработност.

За вселување во ова гратче има листа за чекање, а се чека и до 2 години. До сега се изградени околу 350 куќи, а во наредните 2 години би требало да се изградат уште 250.

Просечната месечна плата изнесува 1.200 евра, додека месечната цена за престојување е само 15 евра, па стандардот на животот овде е сосема пристоен.

Во овој град жителите уживаат во бесплатен интернет, фудбалски, кошаркарски, тениски терен и базен за кој се доплаќа годишна карта.

Мариналеда има и своја црква, но учествувањето во црковни активности е многу слабо.

spanska-oaza-gradot-vo-koj-platata-e-1200-a-kirijata-15-evra-03

Еднаш во месецот тука се одбележува таканаречената црвена недела, каде се изнесуваат идеи за тоа како животот во градот може да се подобри. Доколку идејата биде прифатена, волонтерите ја завршуваат таа работа.

Градот има и своја телевизија и радио канали, а неодамна гостинка во локалната телевизија била ќерката на Че Гевара.

Полицијата и криминалот овде не постојат.

„Според шпанскиот закон би требало да имаме помеѓу 4 и 7 полицајци. Но, ние не ги сакам овде. Баш затоа што сè се заснова на доброволна база, затоа што заедно се бориме и заедно ги кроиме нашите животи, постои многу висок степен на коегзистенција,“ објаснува градоначалникот.

spanska-oaza-gradot-vo-koj-platata-e-1200-a-kirijata-15-evra-04

Би можело да ве интересира:

Гиро до 4.70 евра, лежалка со кафе за 3 евра: Какви се цените во Полихроно и Неа Флогита во лето 202... Изминатиот викенд го поминав во Полихроно и во Неа Флогита - гратчиња оддалечени...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg