Топ 10 бајковити божиќни панаѓури во Европа

Официјално, празничната еуфорија може да започне! Декември е месец на традициите и божиќните саеми кои сите со нетрпение ги очекуваме.

top-10-bajkoviti-bozikni-saemi-01

Мали штандови, домашни празнични специјалитети, божиќна музика, топли пијалаци и празнична, магична атмосфера - што друго да посакате?

Ова се топ 10те божиќни саеми кои можете да ги посетите оваа зима:

Бремен, Германија

Мал, средовековен град кој изгледа баш како од бајките, со преку 170 мали штандови на кои се наоѓаат традиционални и старински предмети, вкусни специјалитети подготвени на оган, како и греено вино со различни ароми. Оваа година овој новогодишен саем се одржува од 28 ноември до 23 декември.

top-10-bajkoviti-bozikni-saemi-02

Единбург, Шкотска

Единбург оваа сезона е домаќин на 3 различни саеми кои се одржуваат од 22 ноември до 5 јануари. Она што е посебно и карактеристично за овие саеми се големиот број на активности кои ги имате на располагање - од лизгање на лед и романтично возење, па сè до прошетка низ божиќен лавиринт.

top-10-bajkoviti-bozikni-saemi-03

Колмар, Франција

Божиќниот саем во Колмар се одликува со прекрасна декорација, традиционални подароци и огромно лизгалиште. Самиот саем се простира на дури 5 плоштади и е еден од најосветлените во Франција. Отворен е од 22 ноември, па до Стара Нова година.

top-10-bajkoviti-bozikni-saemi-04

Прага, Чешка

Прага сама по себе е прекрасен град, но кога ќе дојде новогодишниот период неговата традиционална архитектура совршено се вклопува во божиќните саеми. Штандовите кои се поставени од 30 ноември до 23 декември, секоја година се преполни со украси, накит, свеќи, како и рачно изработени играчки за најмладите. Проследени со магични празнични мелодии, овој период од годината вреди да го доживеете токму во Прага.

top-10-bajkoviti-bozikni-saemi-05

Келн, Германија

Овој панаѓур е еден од најпосетуваните секоја година. Во неполн месец брои повеќе од 2 милиони посетители кои уживаат во штандовите поставени низ целиот град. Покрај традиционалните украси, тука може да се вкусат и традиционални германски специјалитети со празнична арома и вкус, започнувајќи од 25 ноември, па до 30 декември.

top-10-bajkoviti-bozikni-saemi-06

Koпенхаген, Данска

Илјадници светилки во новогодишни бои се распространети по централниот парк на Копенхаген во периодот од 1 до 31 декември. Мирисот на варено вино и палачинки со јаболка го исполнува воздухот, додека штандовите се преполни со божиќни декорации и вкусни специјалитети.

top-10-bajkoviti-bozikni-saemi-07

Бриж, Белгија

Ова романтично гратче дефинитивно заслужува место на оваа листа, заради осветленоста на саемот кој е сместен веднаш до големото лизгалиште, кое воедно е главна атракција. Во 30те минијатурни куќарки секој има можност да го купи за подарок она што ќе го посака. Доколку одите во Белгија пред 2 јануари, задолжително посетете го.

top-10-bajkoviti-bozikni-saemi-08

Инсбрук, Австрија

Австрискиот саем кој се одржува до 23 декември има посебен шмек и зимска атмосфера токму поради тоа што се наоѓа под падините на планините прекриени со снег. Уживањето во вареното вино и погледот кон белата идила е најдоброто зимско доживување. Надополнето  со декорациите и подароците кои се понудени на секој чекор, 70-те штандови во Инсбрук мора да ги посетите барем еднаш во животот.

top-10-bajkoviti-bozikni-saemi-09

Будимпешта, Унгарија

Главниот саем кој секоја година се одржува до 1 јануари е преполн со точно 100 штандови. На нив се наоѓаат играчки, украси, но и традиционална унгарска храна за сите гурмани. Осветлените околни градби и високи дрвја ја прават атмосферата незаменлива и неодолива!

top-10-bajkoviti-bozikni-saemi-10

Виена, Австрија

Најпознатиот европски саем е составен од дури 25 тематски одвоени саеми, кои се одржуваат на различни локации. Во Виена секоја година има поставено над 200 штандови кои ви нудат незаборавни сувенири и највкусни специјалитети. Тука празничната еуфорија завршува точно на 1 јануари.

top-10-bajkoviti-bozikni-saemi-11

Би можело да ве интересира:

Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
Шарени продавнички, штандови за вафли и разџагорени улици - Зошто да го посетите Брисел во најскоро ... Брисел – ако сè уште ја немате посетено белгиската престолнина тоа, направете го...
„Го посетив Мехелен - белгиско гратче со калдрмисани улички и прекрасна архитектура на 20 минути од... Мехелен е мало белгиско гратче кое се наоѓа помеѓу популарните и раздвижените гр...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
3 предлог дестинации за есенско патување Што прво ви паѓа на памет кога ќе се спомене октомври? Не знам за вас, но мене о...
Јовица од Скопје за божиќниот маркет во Виена: „Мириса на цимет и греено вино, личи на бајка од Дизн... „Бев на повеќе божиќни маркети во градот, но најсилен впечаток ми остави Rathaus...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg