Руфтоп бар во Прага е инстаграмџиски рај - Се наоѓа на врвот од „Танцувачката куќа“ (фото)

Дали и вие сте меѓу Македонците кои на листата за посета ја имаат Прага периодов, поради достапните авионски летови? Ако е така, оваа туристичка атракција мора да ви биде во план. Ќе направите совршени фотки со панорамски поглед кон градот и реката В'лтава, особено на зајдисонце.

ruftop-bar-vo-praga-e-instagramdjiski-raj-se-naogja-na-vrvot-od-tancuvachkata-kukja-foto-01.jpg

Периодов многу Македонци ја посетија Прага, поради евтините летови, па ако и вие имате вакви планови, тогаш на листата за посета ставете го и локалот „GLASS BAR“.

Станува збор за модерен руфтоп бар сместен на врвот на познатата зграда „Dancing House“ (позната и како „Танцувачката куќа“).

ruftop-bar-vo-praga-e-instagramdjiski-raj-se-naogja-na-vrvot-od-tancuvachkata-kukja-foto-02.jpg

„Танцувачката куќа“ е едно од најпознатите модерни архитектонски дела во Прага и вистинска туристичка атракција.

Зградата има необична, „раздвижена“ форма која изгледа како двајца што танцуваат.

ruftop-bar-vo-praga-e-instagramdjiski-raj-se-naogja-na-vrvot-od-tancuvachkata-kukja-foto-07_copy.jpg

Инаку, барот се наоѓа на самиот покрив на зградата и има спектакуларен поглед кон реката В'лтава и стариот дел од градот.

Ќе уживате во панорамски поглед од 360° кон Прага, а најубаво е да појдете на зајдисонце.

ruftop-bar-vo-praga-e-instagramdjiski-raj-se-naogja-na-vrvot-od-tancuvachkata-kukja-foto-08.jpg

Локалот е елегантен и модерен со стаклени ѕидови, па оттука и името, а цените се малку повисоки со оглед на тоа што станува збор за туристичка атракција.

ruftop-bar-vo-praga-e-instagramdjiski-raj-se-naogja-na-vrvot-od-tancuvachkata-kukja-foto-04.jpg

Најубавите фотки ќе ги направите на отворената тераса на покривот.

Атмосферата преку фотки:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Листа со цени за лежалки во бич барови на вториот крак во Грција за лето 2026 На рајската плажа Kavourotripes може да користите лежалки само со нарачан пијала...
Два модерни бич бара во Паралија се хит за лето 2026 - во едниот треба да потрошите 50 евра за 2 леж... На 275 километри од Скопје се наоѓа Паралија, летувалиште кое многумина го сакаа...
Британец кој посетил 160 држави, воодушевен од Македонија: „Најдов секс-шоп под улица, колку чудно м... „Дојдов без очекувања, а ја напуштам Македонија како една од моите омилени држав...
„Сакав море, блиску до Скопје, а да не чекам со часови на грчка граница - завршив на рајска плажа во... На 306 километри од Скопје, на околу 3 и пол часа возење, си најдов рајска плажа...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...

Најчитани неделава