Топ 10 скијачки центри во Европа (1. дел)

При изборот на зимските аранжмани, приоритетите се различни. Страсните скијачи одбираат ски центри со најбрзи и најдолги патеки.

top-10-skijacki-centri-vo-evropa-1-del-01

Скијачите кои патуваат со деца се одлучуваат за центри кои имаат содржини за најмладите. Ви ги претставуваме топ 10 ски центрите кои имаат за секого по нешто.

Оние кои не скијаат толку добро, а сакаат да бидат видени, одбираат монденски места.

1. Насфелд – Австрија

top-10-skijacki-centri-vo-evropa-1-del-1

Едно од најдобрите австриски ски центри е опремено со топови за вештачки снег поради малата надморска висина понекогаш недостасува природен снег.

Жичница: 30

Патека: 110

Надморска висина: 600-2002 м

Сончеви часови во сезона: 850

Висинска разлика на жичницата: 1200 м

Ноќна патека: 2,2 км

Ски центарот Насфелд не е само најголемо и најмодерно во Корушка, туку е и едно од десетте најдобри во Австрија. Жичниците се многу модерни, понудата за сместувачки капацитет е многу богата, а патеките се одлично уредени. Главната, модерна жичница Милениум Експрес е една од најмодерните во Европа.

Најдобра е црвено – црната патека која се спушта од врвот Трогоехеа, а посебно доживување е патеката Карниа која со 1882 метри се спушта во должина од 7,6 км до долината.

Забава и гастрономија

Освен скијањето, тука има и разновидна забава. Постојат два забавни парка за сноуборд, патеки за скијачко трчање, осветлено ноќно скијање и санкање, лизгалиште и одлична гастрономска понуда.


2. Алта Бадиа – Италија

top-10-skijacki-centri-vo-evropa-1-del-2

Скијањето овде е посебно доживување. Нема гужва бидејќи нема големи хотели ниту дневни скијачи. Патеките се одлично подготвени, а жичниците се многу модерни и удобни.

Жичници: 53

Патеки: 130 км

Капацитет на жичниците: 78.000 на час

Надморска висина: 1500 м

Алта Бадиа е сместена во самото срце на Доломитите. Местата Ла Вила, Корвара, Колфоско, Педрацес, и Сент Касиан се поврзани со жичници и се сметаат како дел од големиот систем Села Ронда. Алта Бадиа е поврзана со ски центрите Араба, Канѕеи, Фаса и Вал Гардена , што ја прави еден од најголемите и најубавите скијачки центри во светот. Скијачките карти може да се купат само за Алта Бадиа или како Супер Доломити кои важат за целиот регион на Доломитите. Многу околни врвови се на 3000 м надморска висина, а највисок е Мармолад, единственото глечерско скијачко место во овој дел на Италија. Понудата на ресторанот е одлична.

Сместување

Понудата за сместување во Алта Бадиа е разновидна, од хотелска до апартманска. Малку пооддалечените обично имаат комбе кое ги превезува своите гости до жичницата и доаѓа по нив во договорено време.


3.
Бад Клајнкирхајм – Австрија

top-10-skijacki-centri-vo-evropa-1-del-3

Мотото на овој ски центар е : „Од патека во спа“! Богато е со термални води, но и убави патеки со голем простор за уметничко скијање.

Жичници: 26

Патеки: 103 км

Надморска висина: 1100 м – 2055 м

Највисок врв на жичницата: 2270 км

Патеки за санкање: 4 км

Термални води: 36 степени

Топови за снег: 470

Ова скијалиште се протега на две планини. До Кајзербур, највисокиот врв, може да се возите на жичницата во двата правци. Најголемата жичница поминува покрај базенот Роемербад, а покрај неа до местото се спуштаат патеки од двете страни. Десната патека е позната како патека за спуст. Освен таа и уште две пострмни патеки, останатите се приспособени за „средни“ скијачи и главно се црвени и сини.

Пробајте ги домашните специјалитети

Гастрономската понуда е многу богата. За гостите кои не се на хотелскиот полупансион имаат повеќе можности за излегување на вечера во некој од рустичните ресторани во кои главно се нудат домашни специјалитети.


4. Кицбил – Австрија

top-10-skijacki-centri-vo-evropa-1-del-4

Најпопуларниот австриски ски центар, освен километарските патеки, посетителите ги привлекува и одличниот шопинг, неброените кафулиња и интересната архитектура.

Жичници: 52

Скијачки патеки: 168 км

Надморска висина: 800 м – 2000 м

Број на патеки: 60

Најдолга патека: 6 км

Патеки за скијачко трчање: 120 км

Најпознатото скијалиште во Австрија, разновидно и интересно со зачудувачки зачувана тиролска архитектура, стара и до 300 години. Шопингот овде е меѓу најдобрите во Австрија. Над Кицбил се наоѓа брдото Ханенкам и Пангелштеин, а на другата страна е Кицбил Хорн, рај за сноубордерите. На Ханенкам (1668 м) вози жичница од центарот кон Пангелштеин (1938 м). Помеѓу нив е Штаинберкогел од кои има неколку добри црни патеки. Штраиф е најпопуларна патека за спуст на Светскиот куп на Ханенкам се смета за еден од најтешките во светот.

Скапа забава

Кицбил не е евтин. Сместувањето не е многу поскапо од останатите скијачки центри во тој регион, но забавата може да ве чини и повеќе од самото сместување.


5. Кронплац – Италија

top-10-skijacki-centri-vo-evropa-1-del-5

 

Во овој дел на Алпите има најдобри уредени патеки и најдобрите жичници.

Жичници: 31

Скијачки патеки: 105 км

Број на патеки за спуст: 6

Патеки за скијачко трчање: 200 км

Надморска висина: 2275 м

Број на планински куќи: 40

Школи за скијање: 5

Овој скијачки центар се издигнува во средината на долината Пустерал и позната е скијачката дестинација од која живеат дури 13 гратчиња и села. Модерни и брзи жичници водат кон врвот од три насоки: Вал д` Аора, Рисконе и Санта Виљоа. Патеките на Кронплац се скоро 100 проценти покриени со снежни топови. Најголемиот избор хотели и апартмани ќе пронајдете во Рисконе.

Центар на долината е Брунико.

Пешачката зона во центарот со своите бутици, кафулиња и ресторани се задолжително место за шетање на туристите од целиот регион. Денес Брунико не живее само од туризмот. Овде главно се зборува германски.

Би можело да ве интересира:

На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме т... „Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бе...
Бев на Малта со повратен лет од Скопје за 50€: Кафе е 2€, печива има за 0.50 центи - но, што не ми с... Се изненадив дека Малта е поголема отколку што очекував. Валета ме воодушеви и п...
„Бев во Јужна Италија, со авионски лет од Скопје кој трае 1h, и посетив 6 магични гратчиња“ „Бев сместена во стариот град на Бари, оној најавтентичниот, каде што преку проз...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg