Светски дестинации создадени за вљубените

На заљубените секаде им е убаво, но постојат дестинации кои се навистина посебни за двојките кои уживаат во љубовта.

10-svetski-destinacii-za-vljubenite-1

Кога ќе ги споите заедно прекрасната природа и романтичната атмосфера добивате страст и незаборавна романса.

Ако сѐ уште не го испланиравте следното патување, одберете некоја од овие дестинации:

1. Париз, Франција

Зарем би можеле да пишуваме за љубовни дестинации, а да не го споменеме Париз? Градот на светлината е совршен за романтично уживање и споделување на љубовни искри. Дневните прошетки завршете ги со кафе и кроасан, а ноќите поминете ги на некои од мостовите и гледајте во водата осветлена од сјајот на уличните светилки.

10-svetski-destinacii-za-vljubenite-2


2. Дубровник, Хрватска

Сѐ повеќе заљубени двојки ја откриваат магијата на овој град сместен во јужната страна на Хрватска. Градот на тврдините гледа во прекрасното и сино Јадранско Море и претставува архитектонски спој на стари цркви, мермерни улици и палати кои го одземаат здивот. Ирскиот писател Бернанд Шо во далечната 1929 го посетил овој град и за него рекол: „Ако сакате да го видите рајот на земјата, дојдете во Дубровник бидејќи неговата убавина ќе ве остави без здив”.

10-svetski-destinacii-za-vljubenite-3-


3. Кјото, Јапонија

Повеќе од 1000 години градот Кјото бил кралска престолнина, познат по своите традиционални кафеани и престолнини овој град ќе ви овозможи одново да ја почувствувате љубовта. Неколку реки поминуваат токму низ Кјото, а ќе имате многу што да видите бидејќи тука се сместени над 2000 храмови.

10-svetski-destinacii-za-vljubenite-4


4. Венеција, Италија

Дури и самото име на овој италијански град зрачи со некоја посебна страст и романтика. Вие двајца, седнати на гондоли, во позадина тивка музика, водата жубори додека гледате во прекрасната архитектура на Венеција, па зарем има нешто подобро? Постои една легенда врзана за овој град, која вели: Ако двајца се бакнат на гондола токму пред изгрејсонце кога се слушаат камбаните од црквата Сан Марко, нивната љубов ќе трае вечно.

10-svetski-destinacii-za-vljubenite-5


5. Прованса, Франција

Лоцирана на југоисточниот дел од Франција, Прованса е преполна со медитерански плажи. Препуштете се на француската кујна и вино, уживајќи во мирниот хоризонт кој се простира пред вас.

10-svetski-destinacii-za-vljubenite-6-


6. Сан Блас, Панама

Ако сакате да ја избегнете гужвата од популарната дестинација Бокас Де Торо во Панама, тогаш заминете во Сан Блас. Станува збор за рустикално место во кое можете да си дозволите преноќување на сплавови. Тука се наоѓаат најубавите локации за подводен туризам со 75 видови корали и над стотина видови риби.

10-svetski-destinacii-za-vljubenite-7


7. Амстердам, Холандија

Сите кои го посетиле Амстердам ќе потврдат дека е идеално место за заљубени. Ќе се воодушевите од прекрасната архитектура и објекти постари од 100 години. Можете да организирате приватна вечера или да изнајмите велосипед за двајца и да уживате во љубовта.

10-svetski-destinacii-za-vljubenite-8


8. Савана, Џорџија, САД

Савана е историско место и прогласен е за национално историско богатство. Не пропуштајте да изнајмите кочија со која ќе уживате во вашата бајка заедно со шампањ и грозје од локалните винарници.

10-svetski-destinacii-za-vljubenite-9


9. Истанбул, Турција

Ресторани на отворено, базари на кои ќе најдете сѐ и сешто, погледот на Босфор, панорамата на градот која ја претставува границата меѓу Европа и Азија...зарем има потреба уште да се пишува? Градот со поинаква култура, ќе ве воведе во уште поинаква љубовна приказна.

10-svetski-destinacii-za-vljubenite-10


10. Сејшелските острови

Се наоѓаат на Индискиот Океан, а токму овде својот меден месец го поминаа принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Штом кралската фамилија го одбрала ова место за себе, тогаш сигурно ви е јасно дека станува збор за божествена убавина. Преполни со луксузни хотели, долги песочни плажи на кои гледате како сонцето заоѓа и полека исчезнува во океанските води.

10-svetski-destinacii-za-vljubenite-11


Си ја одбравте омилената?

Би можело да ве интересира:

5 грешки кои туристите ги прават во Истанбул Истанбул е голем град во кој сигурно ќе се заљубите! Но, додека го истражувате о...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...
Матка и уште 7 живописни кањони во Европа што го одземаат здивот Од Матка во Македонија, до Samaria на грчкиот остров Крит, Европа крие бројни жи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg