Работи кои никој не ви ги кажува за најголемите туристички атракции

Нема човек кој не сака да ги посети најатрактивните туристички места на светот и да ги види многубројните споменици од областа на културата, но не сте ни свесни што сѐ ве чека таму.  

raboti-koi-nikoj-ne-vi-gi-kazuva-za-najgolemite-turisticki-atrakcii-1-

Пред секое патување треба добро да се подготвите и да проверите што може да очекувате од посетата на разните туристички атракции.

На пример, како да ги избегнете вртоглаво долгите редови на Ајфелова кула? Или што се крие внатре во египетските пирамиди?

 Погледнете ги и останатите тајни и ситници кои никој не ви ги кажува, а со сигурност ќе ви го олеснат патувањето во најпознатите туристички атракции низ светот:

1. Кинескиот ѕид

За да можете да се прошетате низ Кинескиот ѕид, прво мора да искачите 4000 стрмни скали. Секако, постојат и гондоли, кои ќе ви помогнат да ги избегнете скалите, но побрзајте бидејќи тие брзо се пополнуваат.

raboti-koi-nikoj-ne-vi-gi-kazuva-za-najgolemite-turisticki-atrakcii-1


2. Мона Лиза

Во парискиот Лувр таинствено се смешка Мона Лиза, но она што веројатно не го знаевте е дека до сликата ќе ве дели еден цел ред, наменет за фотографирање. Колку и да се трудите да чекате за да стигнете на ред и да ја видите прекрасната слика, за жал тоа нема да се случи, бидејќи туристите се секогаш околу Мона Лиза.

raboti-koi-nikoj-ne-vi-gi-kazuva-za-najgolemite-turisticki-atrakcii-2

 
3. Мртво море

Веројатно знаете дека станува збор за многу солено море, но сигурно не сте ни помислиле на фактот дека истото може и да ви наштети. Ако случајно ви влезе водата од Мртвото Море, ќе почувствувате печење како никогаш до тогаш. Пред да влезете во ова море, не ги бричете нозете пред бањањето, а ако проголтате вода морате веднаш да се обратите на спасителот. Туширањето после бањањето е задолжително.

raboti-koi-nikoj-ne-vi-gi-kazuva-za-najgolemite-turisticki-atrakcii-3


4. Пирамидите во Гиза

Дали знаевте дека во пирамидите можете да јадете пица или некој вкусен оброк од познатиот синџир за брза храна КФЦ? Колку смешно и да ви звучи, сепак тоа навистина постои. Бидете внимателни со трговците на камили: за да седнете на камила, може да биде многу евтино, но за да се симнете од неа ќе ви наплатат вртоглава сума.

raboti-koi-nikoj-ne-vi-gi-kazuva-za-najgolemite-turisticki-atrakcii-4


5. Помпеја

 Повеќето работи во Помпеја не смеете да ги допирате, да стоите на нив, да седнете или да ги фотографирате.

raboti-koi-nikoj-ne-vi-gi-kazuva-za-najgolemite-turisticki-atrakcii-5


6. Водопадите Игуази

Кога помислуваме на еден од најспектакуларните водопади во светот, очекуваме поглед со прекрасна, пенлива, тиркизна вода, но вистината е поинаква. Некои делови од водопадите може да се темни како црно кафе, заради сечење на шумата или пак доколку ве зафатила добата на обилните дождови.

raboti-koi-nikoj-ne-vi-gi-kazuva-za-najgolemite-turisticki-atrakcii-6


7. Ајфелова кула

Кога сте во Париз, најпознатата кула во светот е задолжителна атракција која мора да ја посетите, но штом ќе стигнете до неа ќе посакате веднаш да се откажете. Редовите пред Ајфеловата кула може да траат и по неколку часови. За да си олесните и да го спречите сето тоа, купете однапред влезници на интернет и заштедете време.

Потоа следува качувањето до вториот кат на Ајфеловата кула, а за до врвот мора да го чекате лифтот. Во секој случај, потребно е да имате барем малку кондиција за да го издржите сето тоа.

raboti-koi-nikoj-ne-vi-gi-kazuva-za-najgolemite-turisticki-atrakcii-7

Уште 7 интересни податоци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
„Бев во Неи Пори овој јуни 2023, лежалка со кафе е 5 евра, морето е уште студено, но едно селце кое ... „Пријатно бев изненадена од ниската цена на вилата во која во престојував, од не...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg