Место за да доживеете Арапска авантура - Мускат, Оман

Дали сте знаеле? Оман може да се пофали со 2,700km убави песочни плажи.

mesto-za-da-doziveete-arapska-avantura-muskat-osman-01.jpg

Работи што треба да ги направите: Со своите отворени пустини, огромното крајбрежје, стрмни и оддалечени кањони и големи песочни дини, Оман е сон на оф-роуд ентузијастите. Кога ќе стигнете во Мускат, изнајмете 4х4 возило, стационирајте се на најсуштинскиот дел и започнете да ги откривате многуте речни корита и долини на Султанатот што се наоѓаат во планините и пониските места во пустината. Најсценските долини се во планините и многу од нив се само на час или два возење од Мускат. Лоцирана јужно од главниот град, долината Тиви е една од најстрмните и најтесни искуства за возење што води до живописното селo Мибам, сместено во шумичката со палми. Доколку барате класична пустина, појдете до песочната Вахиба, каде што можете да организирате ноќевање во планините во пустински камп преку една од многуте компании за локални тури.

Каде да престојувате: Сместете се во средината на пространите Омански пустини Ал раха кампот во песочната Вахиба e совршена локација за арапска авантура. Ресортот има 77 колиби во барасти стил (пустински колиби направени од палмини гранки) со вклучени бањи во прилог на девет апартмани, сите декорирани во традиционален бедуински стил. Кампот исто така обезбедува сместување во 15 луксузни шатори. Прикриени и монашки назначени во традиционалните бои и ткаенини на пустината, овие шатори имаат мал Меџлис (мали места за седење) и балкон и во нив можат да се сместат до четири лица

mesto-za-da-doziveete-arapska-avantura-muskat-osman-04.jpg.

Што да јадете: Од раскошни вечери со скара, до традиционална бедуинска храна, служена под ѕвездите, одморалиште како што е Ал Раха кампот се грижи да ги задоволи и најспецифичните вкусови на патниците. Традиционалните специјалитети вклучуваат козјо месо маринирано во цимет, каранфилче, бибер и ким, сервирано на послужавник од кардамон-миризлив ориз.

Топ совети: Додека туристичките компании обезбедуваат најголем дел од потребната опрема за кампување, батериска ламба за на глава е дополнително корисна за да правите прошетки околу кампот во темнина.

mesto-za-da-doziveete-arapska-avantura-muskat-osman-03.jpg

Како да стигнете до таму:

Скопје до Дубаи па оттаму до Мускат, сите патишта водат преку Дубаи и flydubai е најдобрата опција за да се стигне таму. Овој авио превозник во секој поглед го прави патувањето попријатно и како дел од уште едно егзотично бегство.

flydubai моментално има изградено мрежа од 83  дестинации, со најавените 20 дестинации во 2014 година, обезбедувајќи ги овие градови со одлична врска до Оман. flydubai лета за Оман 28 пати во неделата.

mesto-za-da-doziveete-arapska-avantura-muskat-osman-06.jpg

flydubai овозможува повеќе опции за патување за патниците (Бизнис класа, топли оброци во Економска класа, проширена мапа на летови забава за време на летот). Во јуни 2013 година, flydubai го најави стартот на Бизнис класа услугите, патниците сега може да добијат предности како побрзо чекирање, посветен бизнис тим, поудобни и попространи седишта, како и голем избор на интернационални менија за време на нивното патување. Сето ова е комплетирано со удобноста која ја нуди Терминалот 2 на Дубаи Интернационалниот аеродром надополнето со скоро отворениот салон на flydubai за бизнис класа.

Од неодамна, авиопревозникот започна да им дава опција на патниците предвремено да ги букираат забавните активности за време на летот на определени дестинации, или пак пред летот да нарачаат топли оброци. flydubai продолжува да бара нови дестинации во рамките на петчасовни летови околу Дубаи.

mesto-za-da-doziveete-arapska-avantura-muskat-osman-05.jpg

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
„Го посетив Мехелен - белгиско гратче со калдрмисани улички и прекрасна архитектура на 20 минути од... Мехелен е мало белгиско гратче кое се наоѓа помеѓу популарните и раздвижените гр...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...
Спиење во капсула, вечера во ресторан каде служат роботи: Србинка докажува дека Јапонија е друг унив... „Jaпонија е свет за себе... Спиев една ноќ во капсула и мислам дека подолго не б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg