7 мали начини на кои патувањето ми го промени животот

Патувањето не ме претвори во семоќна хероина. Не ме направи најдобра што можам да бидам, ниту пак ми ги расчисти мислите. Сè уште не знам што ќе правам за 10 години.

7-mali-nacini-na-koi-patuvanjeto-mi-go-promeni-zivotot-01.jpg

Патувањето не е дефиниција и конечно решение, но мојот живот дефинитивно го промени на подобро.

1. Ако сè друго се распадне, знам дека можам да се потпрам на себе

Големата животна лекција која ја извлеков е дека не можам да се потпрам на никој друг освен на себе. Што и да требаше да направам, да отпатувам во нова земја, нов град, да пробам нешто ново, да научам нов јазик, требаше да вложам и верувам во себе. Колку и да ги сакам луѓето, а верувајте ги обожавам, сега знам дека кога сè друго ќе се распадне, можам да се издигнам сама.


2. Патувањето ме натера да го ценам домот, семејството и пријателите

Секогаш верував дека семејството е приоритет, а пријателите ги сметав за второ семејство. Но, пред да го напуштам сигурниот дом и сите луѓе во него, ништо не разбирав сериозно. Дури кога се вратив од соло патувањето од Тасманија, сфатив дека домот, семејството и пријателите ми се сè што имам.


3. Повеќе не мислам, само правам

Кога се мислиш дали нешто е добро или лошо, претераното размислување само те одвлекува во погрешната насока. Затоа решив да живеам по правилото „направи сега, извини се подоцна“. Ако верувате, повеќе немам „за“ и „против“ листа, без разлика дали се сработи за банџи скокање или било што ново, поразлично.

7-mali-nacini-na-koi-patuvanjeto-mi-go-promeni-zivotot-04.jpg

4. Сега сум одлично друштво за секој вид на забава, па дури и свечена гала

Ако ги сумирам работите кои ги научив изминатава година, дефинитивно сум богата. Можам да разберам околу 10-тина јазици, можам да ви раскажам каков вкус имаат егзотичните овошја од Бразил или од каде потекнува пијалакот кој го пиете. И не затоа што го прочитав тоа, туку го искусив од прва рака и засекогаш ќе го паметам.


5. Научив да се помирам и да ги прифатам различностите

Додека растев дома, во едно место, имав одредени наметнати мислења и верувања. За среќа, решив малку да се оддалечам и да разберам дека различностите се прекрасни, дека тие нè прават луѓе. Што значи, секој со секого има нешто заедничко и мислам дека не може да биде поедноставно од тоа.


6. Научив да го живеам секој ден

За мене не постои сигурна работа, период или врска. Дали тоа би требало да ме исплаши? Можеби. Но, дали ме плаши? Не. Ме возбудува. Идејата дека никој и ништо нема да ме сопре во она што го сакам е едноставно прекрасна. Научив да вложам 110% од себе и својата страст во работите. Пробајте и вие, така ќе се изненадите од сопствените можности.


7. Научив како да ги вклучам сите човечки сетила одеднаш

Фразите како „останав без здив“ имаат многу поразлично значење кога се изговараат за време на скокање од авион, во воздух, кога буквално го губиш здивот. Така патувањето ми ги изостри сетилата и ми ги покажа границите на издржливоста.

7-mali-nacini-na-koi-patuvanjeto-mi-go-promeni-zivotot-05.jpg

Би можело да ве интересира:

На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
Мало бајковито гратче со замок покрај река во Хрватска е како сцена од сликовница (фото) На 65 километри од Загреб се наоѓа мало историско гратче со тврдина на карпест р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg