Без неред: Најефикасниот куфер на светот

Станува збор за куфер кој во себе има вградено 4 полици благодарение на кои нема да има потреба да се отпакувате.

bez-nered-najefikasniot-kufer-na-svetot-2.jpg

Компанијата ShelfPack го направила овој куфер на тркалца по замисла дека нема потреба да се отпакуваме кога ќе пристигнеме на посакуваната дестинација.

Се што ни е потребно е подобра организација на облеката, односно онаква организација каква што ја имаме и во гардероберот дома наместо непосакуваниот неред кој обично го имаме во обичните куфери.

Покрај тоа што куферот е составен од 4 полици, на едната страна има и 3 поголеми составни делови со патенти кои ви даваат дополнителен простор за пакување.

Куферот е во должина од 71cm, широчина од 47cm и височина од 36cm. При целосно подигнување на полиците достигнува височина од 107cm.

bez-nered-najefikasniot-kufer-na-svetot-001.jpg

Би можело да ве интересира:

На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...
9 работи кои ги пакувате непотребно во куфер (и откриваат дека сте неискусен патувач) Носите куп облека и работи за секој случај кои никогаш нема да ви требаат, како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg