10-те најубави рајски острови во светот

Тулум

Порано бил само една обична населба на Маите на полуостровот Јукатан, но сега стана омилена „бохо“ дестинација. Тука хотелите се изградени од дрво од самиот остров, рестораните се инспирирани од џунглата, а од локалните продавници секој турист може да купи накит изработен од тамошните корали и школки.

10-te-najubavi-rajski-ostrovi-vo-svetot-6.jpg


Сен Бартелеми

Во срцето на Карибите, овој остров со причина важи за ВИП летувалиште. Сите кои бараат мир, тишина и дискреција ќе ја најдат токму тука. Со изобилство на луксузни хотели и вили со кобалтно сини базени, Сен Бартелеми важи за рајски отров каде што се е возможно – од пливање и нуркање, до журкање во локалните клубови.

10-te-najubavi-rajski-ostrovi-vo-svetot-7.jpg


Фернандо де Нороња

Изгубен во синилото на Атлантскиот Океан, овој остров е уште една луксузна дестинација обиколена со најубавите бели песочни плажи. Тука постојано се контролира и ограничува бројот на посетители заради зачувување на еколошката сигурност.

10-te-najubavi-rajski-ostrovi-vo-svetot-8.jpg


Бали

Малиот дијамант на индонезискиот архипелаг, добро познат по егзотичните плажи и бујната вегетација. Од една страна може да уживате во смарагдно зелениот подводен свет и кристално чистата вода, додека од друга страна можете да видите многубројни оризови полиња, џунгли и палми. Совршен контраст.

10-te-najubavi-rajski-ostrovi-vo-svetot-9.jpg


Понза

Со кристално сина вода, големи харпи и бели песочни плажи, овој италијански остров е се за што некогаш сте сонувале. На половина пат меѓу Рим и Неапол, ќе го пронајдете овој добро сочуван бисер.

10-te-najubavi-rajski-ostrovi-vo-svetot-10.jpg



Би можело да ве интересира:

Дестинација за есенско бегство: Луковска Бања, на 275km од Скопје - совршена природа и термални изво... Ова е највисоко лоцираната бања во Србија, опкружена со планини, блиску до Копао...
На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме т... „Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бе...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg