Дестинација за есенско бегство: Луковска Бања, на 275km од Скопје - совршена природа и термални извори (фото)
Ова е највисоко лоцираната бања во Србија, опкружена со планини, блиску до Копаоник, со чист воздух и хотели што нудат совршено СПА искуство. За вљубениците во природа и оние што се чувствуваат „прегорени“ од темпото, ова мирно место во Србија е вистински избор...

Луковска Бања е туристичко место во Србија, на источните падини на Копаоник и е познато по своите минерални води со природни лековити својства.
Луковска Бања е сместена на околу 681 метри надморска висина и е одлична за оние кои сакаат да комбинираат одмор во природа со користење на термални води.
Таа е највисоко лоцираната бања во Србија и предност ѝ е опкруженоста со планини.

Водите во Луковска Бања се богати со минерали кои имаат терапевтски ефект, особено за заболувања на мускулно-скелетниот систем, кожата и дигестивниот систем.
Луковска Бања е идеална за луѓето кои сакаат да се одморат и релаксираат, но и за љубителите на планинарењето.
Планината Копаоник, која е само на кратко возење, нуди одлични услови за зимски спортови, а во лето е одлична за пешачење и велосипедизам. Во есен, пак, е вистинска идила за релаксација.

Местото нуди различни опции за сместување, вклучувајќи хотели и апартмани, а популарно е и за СПА третмани и масажи.
Најблискиот град е Рашка, кој е оддалечен околу 30 километри.