5 најубави плажи на Халкидики

Можеби нема да најдете романтични бели куќи и луд ноќен живот како на островите, но ако од одморот барате бел песок и чисто тиркизно море, тогаш Халкидики е вистински избор за вас.

5-najubavi-plazi-na-halkidiki-01.jpg

Ова се 5-те најубави плажи на полуостровот:

1. Кавуротрипес - Оваа плажа е лоцирана на 6 километри од Сарти. Се состои од 6 песочни заливи кои се одвоени со карпи. Заради тиркизната и топла вода, ова е една од најубавите плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики.

5-najubavi-plazi-na-halkidiki-02.jpg


2. Лагониси
- уште една „малдивска“ плажа на источната страна на Ситонија, со многу сенки и ладовини. Омилена е меѓу Грците кои живеат во близина, па може да се случи за викенд да биде голема гужва. Нема содржини и ресторани, па понесете си сопствено освежување.

5-najubavi-plazi-na-halkidiki-03.JPG


3. Мирсини, на островот Дијапорос
- Од Ситонија, со бротче има тури до блискиот остров Дијапорос, кој крие неколку плажи и заливи од соништата. Посебно се издвојува Мирсини, заради која Дијапорос е наречен и рајски остров.

5-najubavi-plazi-na-halkidiki-04.jpg


4. Сани Бич
- се селиме на првиот крак, Касандра. На западната страна, во местото Сани сместена е плажа со бел песок и мирис на борови кои ги негува сите сетила. Оваа плажа е достапна само за гостите на луксузните хотели од ресортот. Сообраќај речиси и да нема, заради што ова е и единствен еколошки комплекс. Интересно е што ова одморалиште може да се пофали со уште 3 плажи во карипски стил.

5-najubavi-plazi-na-halkidiki-05.jpg


5. Ксенија
- Боите на Касандра ги брани и познатата плажа Ксенија, сместена во залив помеѓу Пефкохори и Паљури, на источната страна на првиот крак. Ситен, бел песок, нереално сина вода, и во голем дел од плажата природни сенки – ова се најчестите причини зошто оваа плажа е рај и чест избор на туристите.

5-najubavi-plazi-na-halkidiki-06.jpg

Која е вашата омилена плажа на Халкидики?

Би можело да ве интересира:

Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
5-те најубави плажи во близина на Кавала (идеални и за забава и за одмор со деца) Плажата Vrasida е сместена во залив, помеѓу Ammolfi и Nea Peramos и е една од на...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg