10 дестинации низ светот каде може да летате со балони на топол воздух

Луѓето отсекогаш биле фасцинирани од мистеријата на летањето и од можноста еден ден и ние да летаме. Оваа фантазија се претвора во реалност по генијалниот изум на браќата Монтголфие кои го креирале балонот на топол воздух.

10-destinacii-niz-svetot-kade-moze-da-letate-so-baloni-na-topol-vozduh-001.jpg

Денес, благодарение на нивната креативност сите имаме можност да се вивнеме во височините и да уживаме во пејзажите од птичја перспектива.

Ова се 10 места каде можете да уживате во неверојатна глетка од балон на топол воздух:

1. Баган, Мјанмар

Најдобар начин да го видите античкиот град Баган и неговите храмови кои се илајдници години стари е преку балон на топол воздух. На овој начин наједноставно ќе имате поглед кон големината на античките цивилизации.

10-destinacii-niz-svetot-kade-moze-da-letate-so-baloni-na-topol-vozduh-1.jpg


2. Долината Напа, САД

Во долината Напа можете да уживате во фасцинантните долини и лозови полиња кои со сигурност ќе ви го одземат здивот. Најстарата компанија која нуди лет со балон е „Napa Valley Balloons“ која е основана во 1980-та година.

10-destinacii-niz-svetot-kade-moze-da-letate-so-baloni-na-topol-vozduh-02.jpg


3. Сердања, Шпанија

Долината Сердања лоцирана е близу Пиринеите во Каталонија, а ако имате можност да полетате со балон на топол воздух ќе ги имате на дофат некои од најубавите пејзажи во Европа.

10-destinacii-niz-svetot-kade-moze-da-letate-so-baloni-na-topol-vozduh-3.jpg


4. Кападокија, Турција

Кападокија е едно од најпопуларните места за летање со балони, а причината за тоа лежи во уникатната глетка од спектакуларни карпести формации и пештери кои се должат на вулканските ерупции од минатото. Погледнете како изледа еден таков лет тука.

10-destinacii-niz-svetot-kade-moze-da-letate-so-baloni-na-topol-vozduh-4.jpg


5. Алис Спрингс, Австралија

Постои добра шанса дека ќе имате можност да ги видите големите црвени кенгури во нивното природно живеалиште.

10-destinacii-niz-svetot-kade-moze-da-letate-so-baloni-na-topol-vozduh-5.jpg

Уште 5 места на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Козјак во зима – волшебно место кое потсетува на снежна бајка Под снежната покривка, Козјак личи на најубавата зимска разгледница – зимзелени ...
9 необични плажи во Грција кои се како од рајот (фото) Плажа со розов песок, плажа со огромен број палми како на егзотичен остров, плаж...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
Спиење во капсула, вечера во ресторан каде служат роботи: Србинка докажува дека Јапонија е друг унив... „Jaпонија е свет за себе... Спиев една ноќ во капсула и мислам дека подолго не б...
5 најавтентични места во Истанбул за да се напиете турски чај Без разлика дали сте љубители на чај или едноставно сте љубопитни за културата н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg