Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Популарни филмски локации кои можете да ги посетите во реалниот живот

Дали некогаш сте сакале да слушате предавања во Хогвортс или да танцувате со вистински принцови или принцези во нивниот замок?

popularni-filmski-lokacii-koi-mozete-da-gi-posetite-vo-realniot-zivot-01.jpg

Иако ова се само фантазии кои нема никогаш да се остварат, постојат неколку реални локации низ светот на кои се снимани познати филмови, а вие, како турист можете да ги посетите.

Замокот Alnwick

Секое дете кое израсна со книгата Хари Потер сонувало да добие писмо и покана за Хогвортс. Замокот Alnwick е локацијата каде што се снимаа првите две епизоди од филмот Хари Потер, а се наоѓа во северниот Нортамберленд, во Англија.

popularni-filmski-lokacii-koi-mozete-da-gi-posetite-vo-realniot-zivot-02.jpg


Bourne Wood

Борн Вуд е една од најпознатите локации за снимање. Тука биле снимени десетици филмови. На пример, тука е снимена сцена на битка од филмот Гладијатор, користена е и во филмови како што се Златниот компас, Хари Потер и Капетан Америка. Покрај нејзиниот углед во филмската индустрија, Борн Вуд е исто така важна област на животната средина. Ова е дом на неколку ретки животински видови.

popularni-filmski-lokacii-koi-mozete-da-gi-posetite-vo-realniot-zivot-03.jpg


Кулите Mentmore

На ова место е сниман популарниот Бетмен, но освен тоа овие кули имаат своја фасцинантна историја. Кулите всушност биле создадени од Џозеф Пакстон (творец на светски познатата Кристал Палас). Ова место имаше многу важна цел во текот на Втората светска војна. Британската влада го избра Mentmore за да ги заштити нивните национални уметнички дела.

popularni-filmski-lokacii-koi-mozete-da-gi-posetite-vo-realniot-zivot-04.jpg


Timberline Lodge

Вистинско место за секој љубител на хорор филмови. Ова место, односно хотел е користен за снимање на познатиот филм „Сјаење“. Сепак, и покрај финансиски проблеми, хотелот е всушност сосема пријатно и популарно место во денешно време, со многу опции за скијање, музички фестивали, загреани базени и сл.

popularni-filmski-lokacii-koi-mozete-da-gi-posetite-vo-realniot-zivot-05.jpg


Matamata

Повеќето фанови на Господарот на прстените знаат дека прекрасната природа претставена  во филмовите беше снимана на Нов Зеланд, но многумина не знаат многу за самата област. Поголемиот дел од сцените биле снимани во градот Matamata, кој стана туристичка атракција.

popularni-filmski-lokacii-koi-mozete-da-gi-posetite-vo-realniot-zivot-06.jpg


Henry River Mill Village

Ова некогаш било раздвижена заедница полна со луѓе кои работеле во фабрики, но како и повеќето мали градови, фабриките пропаднале. Последната личност го напуштила градот во 1970-тите, а ова мало селото станало вистински град на духови. Целиот град е во сопственост на еден човек, Вејд Шепард, кој немал многу интерес за неговиот имот кога продуцентите на Игрите на гладните го контактираа. Сега, тој се обидува да го продаде целиот град за 14 милиони долари.

popularni-filmski-lokacii-koi-mozete-da-gi-posetite-vo-realniot-zivot-07.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
9 најтопли европски дестинации што може да ги посетите и во зима Кипар, Сплит, Крит... Кои европски дестинации може да ги посетите и во зима, за ...
9 потценети туристички дестинации кои ќе бидат популарни во 2024-та Финска и Словенија се омилени дестинации за 2024 во Европа, а во Африка тоа е Та...
20-те најпосакувани патувачки искуства на луѓето ширум светот Од одмор на Малдивите, до посета на затворот Алкатраз и планинарење на Хималаите...
5 најубави таверни на Ситонија - вкусна храна, прекрасно зајдисонце и морето на дланка Вториот крак на Халкидики, има посебна магија. Иако веќе речиси доста испопулари...
Јовица од Скопје за божиќниот маркет во Виена: „Мириса на цимет и греено вино, личи на бајка од Дизн... „Бев на повеќе божиќни маркети во градот, но најсилен впечаток ми остави Rathaus...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg