Живописни острови каде ќе сакате да го поминете следниот одмор

Навистина е тешко да се избере кое место да го посетите следно имајќи предвид дека планетата Земја изобилува со толку убави и исклучителни места.

Najzivopsinite-ostrovi-niz-svetot-kade-kje-sakate-da-go-pominete-vasiot-odmor-00

Островите се сигурно едни од најволшебните места за одмор тргнувајќи од фактот дека ако имате можност да се искачите на некоја повисока точка погледот со сигурност ќе би биде спектакуларен.

Ако некогаш сте се запрашале кои се најубавите острови кои може да ги посетите еве го одговорот;

1. Капри, Италија

Тајни заливи со тиркизни води, градини во форма на тераси и урнатините од Палатата на задоволствата на императорот Тибериј се она кое ќе ви привлече на овој мал карпест остров на брегот на Амалфи.

Najzivopisnite-ostrovi-na-svetot-kade-kje-sakate-da-go-pominete-vasiot-odmor-01


2. Хидра, Грција

Малечок и тивок рај до кој ќе стигнете за помалку од еден час со бројд од Атина. Камените улици без автомобили, мирот и големиот број на таверни и кафулиња ќе ве натераат веднаш да заборавите на метежот и градската гужва која сте ја оставиле зад себе.

Najzivopisnite-ostrovi-na-svetot-kade-kje-sakate-da-go-pominete-vasiot-odmor-02


3. Маун Дезрт, Мејн

Националниот парк „Акадија“ е местото кое никако не смеете да го пропуштите, како и колоритниот „West Street Hotel“ отворен во 2012-та година со прекрасен базен на покривот и извонреден поглед кон заливот.

Najzivopisnite-ostrovi-na-svetot-kade-kje-sakate-da-go-pominete-vasiot-odmor-03


4. Островите Аран, Ирска

Составени од три помали острови, Инишмор, Инишман и Инишер, оваа група острови се одликува со посебна мрачна убавина која одговара на урнатите од Дон Ангус стари 2.000 години. Дон Ангус била некогашна келтска тврдина сместена на гребен за која постоеле верувања дека била позната како работ на светот.

Najzivopisnite-ostrovi-na-svetot-kade-kje-sakate-da-go-pominete-vasiot-odmor-04


5. Мореа, Француска Полинезија

Името на островот во превод значи жолт гуштер, а денес е едно од најпопуларните места за меден месец кое ви нуди време поминато во допир со природата.

Najzivopisnite-ostrovi-na-svetot-kade-kje-sakate-da-go-pominete-vasiot-odmor-05

Уште 6 острови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Многу ветер, згради без лифтови и уште 7 негативни страни на животот во Данска + 12 позитивни Наоѓањето стан во Копенхаген или Oрхус може да биде предизвик. Не очекувајте бај...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
Како да ги избегнете најголемите гужви на границата со Грција, пред двата продолжени викенди? Следните два викенди во Македонија се продолжени - понеделник 25 мај е неработен...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
„Бев во Јужна Италија, со авионски лет од Скопје кој трае 1h, и посетив 6 магични гратчиња“ „Бев сместена во стариот град на Бари, оној најавтентичниот, каде што преку проз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg