15 неверојатно убави места кои не им се познати на туристите
Многу места на Земјата се преубави, но не се популарни туристички дестинации, бидејќи се тешко достапни за масите.
Но, тоа не значи дека не вреди да ја разбудите авантуристичката душа во вас и да се обидете да ги посетите.
15 примери за вакви места:
1. Благај, Босна и Херцеговина
Благај е мало селце сместено меѓу мали водопади и азурни води. Манастирот и куќарките се сместени близу карпа, а до нив може да се стигне само со бротче.
2. Уакачина, Перу
Уакачина е град оаза среде пустина. Во него живеат само 200 луѓе, а има уште помалку туристи.
3. Езерото Хилиер, Австралија
Обидете се да замислите - плажи, еукалиптуси и најрозовото езеро кое некогаш можете да го видите. Местото е откриено во 1802-та година, а се претпоставува дека микроорганизмите кои живеат во него го прават розово.
4. Тајната плажа на островите Мариета, Мексико
До неа можете да стигнете откако ќе поминете низ лавиринт пештери, а плажата како да излегува од длабочините во средината на островот.
5. Силфра, Исланд
Пукнатините во земјата во Националниот парк „Thingvellir“ се креирани како резултат на тектонското движење на земјата, а се омилено место на оние кои сакаат да нуркаат.
6. „Isola Bella“, Италија
Без сомнеж, „Isola Bella“ е еден од најубавите острови во светот - мало парче земја со многу фонтани, градини и секако, кристално чиста вода.
7. Селото на Попај, Малта
Ова село се состои од мали дрвени куќарки кои оригинално биле направени за снимањето на филмот „Попај“ во 1980-те. Денес е ресорт и забавен парк.
Уште 8 места на следната страна...
Би можело да ве интересира:





