Сама пропатувала 70 земји: Ова се нејзините искуства и совети за сите соло патувачи

Сакате да патувате, а немате друштво? Не oчајувајте, оваа девојка комплетно сама пропатувала дури 70 земји.

sama-propatuvala-70-zemji-ova-se-nejzinite-iskustva-i-soveti-za-site-solo-patuvachi-1_copy.jpg

Повеќето луѓе ги обожуваат патувањата. Нудат чувство на слобода, ги прошируваат видиците и збогатуваат духот. Но, колку од вас би се осудиле да појдат на самостојно патување? Ретки се авантуристите кои имаат доволно храброст да ги спакуваат куферите и да се упатат на непозната локација без пријателите, семејството или партнерот.

Британката Лиса Имоген Елдриџ не само што патува сама, туку и секојдневно дели совети и ги пренесува нејзините поучни искуства на својот блог. Досега посетила стотина земји, а во дури 70 од нив била потполно сама.

Таа открива кои земји им ги препорачува на сите оние кои по првпат ќе се одлучат да отпатуваат сами, а основниот критериум за нејзиниот избор се безгрижноста и безбедноста која ја почувствувала на локациите. Доколку го следите нејзиниот избор нема да зажалите, а тој изгледа вака:

Франција

sama-propatuvala-70-zemji-ova-se-nejzinite-iskustva-i-soveti-za-site-solo-patuvachi-2_copy.jpg

Градот на љубовта не е резервиран само за парови. Така барем тврди Лиса, раскажувајќи како ги поминала своите пет соло дена во Париз.

- Кога ќе се уморите од разгледувањето на градските знаменитости, доволно е само да седнете на терасата од некое париско кафуле или бистро, да уживате во вкусот на кафето и да гледате во преубавите градби што ве опкружуваат. Во тој момент, навистина самите на себе сте си доволни, а што е најдобро, никој не ве гледа чудно затоа што сами уживате во животот – говори искусната Британка.  

Како најдрага париска локација, Елдриџ ја издвојува базиликата „Свето Срце“, присетувајќи се дека не зажалила за ниту еден чекор која морала да го изоди за да стигне до брдото Монмартр, каде е и сместена црквата.

Словенија

sama-propatuvala-70-zemji-ova-se-nejzinite-iskustva-i-soveti-za-site-solo-patuvachi-3_copy.jpg

Поранешната југословенска земја, авторката на блогот ја опишува како идеално место за „пронаоѓање на себеси“. Ги спомнува словенечките природни убавини и сликовитите села, а како едно од најмирните места кои некогаш ги посетила го издвојува езерото Блед.

Повлекувајќи географска паралела со Дубровник и Венеција, таа наведува дека Словенија е тотална спротивност кога се гужвите од туристи во прашање. Смета дека е оваа мала земја е неправедно занемарена, а воодушевена е од забавната атмосфера која владее низ улиците на Љубљана, и која нема да ви дозволи во ниту еден момент да се почувствувате осамено.

Тајланд

sama-propatuvala-70-zemji-ova-se-nejzinite-iskustva-i-soveti-za-site-solo-patuvachi-4_copy.jpg

Од сите 70 земји низ кои пропатувала сама, Лиса открива дека оваа земја во југоисточна Азија го зазема првото место на нејзината листа. Локалните луѓе ги опишува како исклучително мили и гостољубиви, а како уште една добра причина за посета на Тајланд ги наведува ниските цени какви нема на ниедно друго место. Бангкок ја воодушевил со возбудливоста, но вистинската убавина ја пронашла во локалните будистички храмови.

Шангај

sama-propatuvala-70-zemji-ova-se-nejzinite-iskustva-i-soveti-za-site-solo-patuvachi-5_copy.jpg

Една од најмоќните лекции која можете да ја научите патувајќи сами е целосниот увид во различните култури со кои сте опкружени. Без партнер или пријатели, посветени сте само на себе и локалното население кое го среќавате, а кому често ќе имате и потреба да му се обратите, бидејќи зависите токму од нив – со овие зборови Лиса го започнува описот на своето искуство во далечниот Шангај.

- Сфатив дека луѓето ширум светот имаат исти потреби: дом, храна и љубов. Каде и да се наоѓате во светот, тоа е она што сите нам ни е заедничко. Патувањата ме научија да не осудувам ниту една култура и да бидам отворена кон сите нови знаења што светот ги нуди - објаснува Елдриџ.

Па, доколку барате место кое ќе ви понуди како предизвик да прифатите култура која во целост се разликува од онаа на која сте научени, Лиса го препорачува токму Шангај, напоменувајќи дека и покрај тоа што е повеќекратно поголем од Њујорк, таа во ниту еден момент не почувствувала страв од самотија во еден толку грандиозен град.

Нов Зеланд

sama-propatuvala-70-zemji-ova-se-nejzinite-iskustva-i-soveti-za-site-solo-patuvachi-8_copy.jpg

Лиса Елдриџ ја опишува оваа далечна локација како прекрасно место за кое се исплати долгиот авионски лет и истоштеноста која поради промена на временската зона ќе ве обземе наредниот ден. Воодушевувачки убавата природа е идеална за обиколка на целата земја, што во Нов Зеланд е одлична идеја, имајќи ја предвид големата понуда на хотели, хостели и кампови.  

Квинстаун ја воодушевил, а смета дека е фантастично место за љубителите на адреналинот.  

- Луѓето кои патуваат сами и сакаат авантура во вистинска смисла на зборот, ќе се воодушеват од мноштвото забавни паркови и останати места за искушување на сопствените адреналински граници – советува блогерката.

Швајцарија

sama-propatuvala-70-zemji-ova-se-nejzinite-iskustva-i-soveti-za-site-solo-patuvachi-6_copy.jpg

Доколку ве фасцинира убавината на Нов Зеланд, но патот ви е некако предалечен, тогаш размислете за Швајцарија како алтернатива. Елдриџ ја опишува како една од најсигурните земји во светот, но и држава со фантастична инфраструктура. Како предност го наведува и јазикот, бидејќи во Швајцарија речиси сите зборуваат англиски.

На прашањето кое место би го издвоила, Лиса нема одговор. Сите локации кои ги посетила за неа се еднакво убави, а она што посебно ја восхитило биле панорамските возови, кои нудат поглед на природните убавини од комфорот на седиштето.

Австралија

sama-propatuvala-70-zemji-ova-se-nejzinite-iskustva-i-soveti-za-site-solo-patuvachi-7_copy.jpg

На крај, Лиса ја опишува Австралија како земја која не само што нуди фантастичен одмор и ја задоволува желбата за авантура, туку смета и дека е одлична дестинација за подолг престој. Источниот брег е популарна опција за сите ,,бекпакери’’, а Мелбурн воодушевува со шик бутиците и градската гужва, па е идеален за вљубениците во урбаниот начин на живот.

- Ме фасцинираше нивната култура на живеење на отворен простор и опуштената атмосфера која ја припишувам на специфичната клима - појаснува блогерката.

Како австралиска топ локација за уживање во соло патувањето, Лиса Елдриџ ја препорачува неизбежната Сиднејска опера, но и 50-катниот мост Харбор, архитектонското чудо во градот, што нуди можност за искачување до врвот.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спиење во капсула, вечера во ресторан каде служат роботи: Србинка докажува дека Јапонија е друг унив... „Jaпонија е свет за себе... Спиев една ноќ во капсула и мислам дека подолго не б...
Грешки со кои можете да си го расипете одморот во Италија, според Италијанка Непотребно трошите пари на работи кои всушност чинат малку и се потпирате само н...
5 најбезбедни европски градови (совршени за жени кои патуваат сами) Иако Италија е романтична дестинација, сепак, е одлично место и за сам...
10-те најдобри туристички искуства во Хрватска, според посетителите Хрватска е една од омилените дестинации за нашите, но и за светските туристи. Се...
3 кул светски дестинации, за патувачите на кои им е здодеано од „клише“ туристички места Милано? Посетено. Париз, Барселона, Будимпешта… Берлин и Амстердам. Доста е веќе...
20-те најпосакувани патувачки искуства на луѓето ширум светот Од одмор на Малдивите, до посета на затворот Алкатраз и планинарење на Хималаите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg