Боемски пар: Патуваат низ светот со двете кучиња (фото)

Портокаловото комбе им е дом, а секој изминат ден – нова и возбудлива авантура, далеку од рамките на општеството.

boemski-par-se-ljubat-i-patuvaat-niz-svetot-so-dvete-kucinja-foto-1_copy.jpg

Сигурно барем еднаш сте се запрашале како би било да седнете во автомобилот, па да се упатите во правец на непознатото – без грижи и без ум – следејќи го повикот на срцето и возејќи се сè до првото место кое би ви изгледало доволно занимливо.

Можеби би пошле до море, можеби до планина, а можеби и до сосема друг континент.

Смело и непоколебливо, некои поединци го одбираат номадството како својa животна судбина. Се откажуваат од материјалните добра, а претвораат сопствениот живот во постојано движење и патување. Благодарение на социјалните мрежи, некои од нив и добро заработуваат од своите патешествија.

Еден ден, Бриана и Kит одлучиле дека стационираниот начин на живот не им одговара, па сите нешта кои ги поседувале, вклучувајќи ги и двете кучиња, ги сместиле во портокаловото комбе и тргнале на пат. Комбето го нарекле „Sunshine Van“ („Сончево комбе“), а следењето на сончевите зраци им открило многубројни задоволства.

За разлика од мнозинството модерни номади, тие не посетуваат туристички или урбанизирани дестинации, туку диви локации – пустини, плажи и карпести предели, а сите ги преточуваат во адреналинска авантура. Фотографиите од искачувањето, планинарењето, кајакарењето и спиењето под ѕвездите, во секакви временски услови, овој боемски пар ги споделува со корисниците на Инстаграм.

Понекогаш, на патувањето им се придружуваат и пријателите, а некогаш се сосема сами, но ваквата слобода не сакаат да ја менуваат за ништо на светот.

Следејќи го профилот @briannamadia, ќе дознаете многу повеќе за ваквиот начин на живот, мноштво интересни факти кои никогаш не би ви паднале на памет, а ќе откриете и изобилство од прекрасни пејзажи.

Од галеријата во продолжение, погледнете само дел од нивното секојдневие:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
Вирџинија од Скопје воодушевена од Париз: „Се вратив по 15 години, вреди да се качите на Ајфелова ку... На мои 18 години, Париз ми беше првото патување во Европа, без телефони и интерн...
Тиркизна вода, природна сенка: Скриена плажа во близина на Макарска ја споредуваат со Дубаи (фото) Плажата Велика Дуба се наоѓа во општината Живогошќе, во близина на Макарска. Мож...
Хрватот што ги посети сите земји во светот: „Спиев во најскапите хотели, но и во дупки од 1 евро и с... „Јадев во ресторани со Мишелин ѕвезди, но и на места каде што многу луѓе дури и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg