11 најопасни туристички дестинации во светот

Грција, Италија, Шпанија и слични познати земји се вообичаениот избор за туристите во секој дел од годината. Луѓето ги избираат поради тоа што имаат што да понудат и се безбедни за патување.

11-najopasni-turistichki-destinacii-vo-svetot-01.jpg

Но, има и храбри туристи кои сакаат нешто поразлично од вообичаените знаменитости и тропски дестинации.

Ова е листата на 11 најопасни туристички места низ светот:

Долината на смртта, САД

Долината на смртта е позната по тоа што таму е измерена највисоката температура на цела планета која изнесува   56.7 °C.  Без вода, на ова место може да се преживее најмногу 14 часа.

11-najopasni-turistichki-destinacii-vo-svetot-02.jpg

Пустината Данакил, Еритреја

Температурите тука достигнуваат и над 50 Целзиусови степени, а има и активни вулкани и гејзери, па ова место е брутално за посетителите и е наменето само за најхрабрите. Сепак, пристапот е забранет доколку не дојдете со искусен водич.

11-najopasni-turistichki-destinacii-vo-svetot-03.jpg

Планината Вашингтон, САД

Врвот на планината Вашингтон го држи рекордот за најбрзите ветрови кои некогаш биле измерени и изнесувале 327 километри на час. Освен ветровите, ова претставува и едно од најладните места во светот. Тука температурата може да се спушти и под 40 степени.

11-najopasni-turistichki-destinacii-vo-svetot-04.jpg

Вулканот Синабунг, Индонезија

Синабунг е активен вулкан со чести ерупции кои прават огромна штета на околината и населението што живее во близина. Последната ерупција се случи во февруари, 2016-тата, кога лавата направи пустош насекаде. Никој не може да предвиди како ќе биде во иднина.

11-najopasni-turistichki-destinacii-vo-svetot-05.jpg

lha da Queimada Grande (Островот на змиите), Бразил

Овој остров се смета за едно од најопасните места во светот. Тука живеат отровни змии од видот bothrops, и тоа по пет змии на еден метар квадратен. Има многу приказни за смртоносни средби помеѓу луѓето и овие змии, па Бразилската влада го забрани пристапот на овој остров.

11-najopasni-turistichki-destinacii-vo-svetot-06.jpg

Национален парк Мадиди, Боливија

На прв поглед, ова место изгледа мирно, но не е така. Мадиди е живеалиште на едни од најопасните растенија на светот. Контактот со некое од нив предизвикува иритации и црвенила на кожата, а лесно може да дојде и до зарази.

11-najopasni-turistichki-destinacii-vo-svetot-07.jpg

Долината на смртта, Камчатка, Русија

Руската Долина на смртта е сместена во близина на познатата Долина на гејзерите. Тука се пронајдени високи концентрации на опасни гасови кои се опасни за живиот свет кој се наоѓа таму. Животните и растенијата брзо изумираат, а луѓето се чувствуваат лошо, им се врти и им се повраќа.

11-najopasni-turistichki-destinacii-vo-svetot-08.jpg

Бикини Атол, Маршалски Острови, Океанија

Длабоко во океанот, овој остров изгледа како рај, нели? Но, во Бикини Атол се правеле разни нуклеарни истражувања кои го претвориле островот во радиоактивна зона каде ништо не вирее. Огромната радијација овде може да предизвика многу здравствени проблеми, меѓу кои и рак.

11-najopasni-turistichki-destinacii-vo-svetot-09.jpg

Elephant Kingdom, Чонбури, Тајланд

Во ова место има фарма за крокодили каде сопственикот им нуди на туристите да ги видат и да ги хранат крокодилите. Туристите се сместени на мала платформа на вода, заградена со мрежа од каде на крокодилите им нудат риби или месо врзано за јадица. Звучи опасно, нели?

11-najopasni-turistichki-destinacii-vo-svetot-10.jpg

Афарски триаголник, Етиопија

Вулканот Ерта Але во регионот Афар во Етиопија е еден од најопасните региони во светот. Ова место постојано го тресат земјотреси кои ја разоруваат земјата и прават огромни дупки, а се резултат на двете езера со големи количества на лава.

11-najopasni-turistichki-destinacii-vo-svetot-11.jpg

Езерото Натрон, Танзанија

Оваа фотографија изгледа како живеалиште на вонземјани, но всушност е фотографија од езерото Натрон. Алкалните соли кои се наоѓаат на површината се опасни за сите живи организми во близина. Секако, пливањето во ова езеро е забрането, а лошата миризба што се шири поради концентрациите на хидроген сулфид и онака ќе ве спречи да го посетите езерото.

11-najopasni-turistichki-destinacii-vo-svetot-12.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 потценети туристички дестинации кои ќе бидат популарни во 2024-та Финска и Словенија се омилени дестинации за 2024 во Европа, а во Африка тоа е Та...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...
Дестинации ширум светот кои туристите сакаат да ги видат најмногу - Која е најпопуларна атракција во... Во Македонија Охридското Езеро е најпопуларната атракција за туристите, додека в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg